МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР

Најнови вести за натпреварите

Во знак на почит кон нашиот прерано починат колега Александар Блажевски-Цане, СММ од оваа година, започна со организација и реализација на меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“.

Александар беше еден од првите македонски олимпијци, победник на Првата Македонска Математичка Олимпијада, освојувач на златен медал на Втората Македонска Математичка Олимпијада, и повеќекратен државен првак по математика и информатика. Во својата извонредно успешна натпреварувачка кариера меѓу другото освои и втора награда на Сојузен натпревар по математика (во поранешната СФРЈ), а се закити и со три бронзени медали на Интернационалните Математички Олимпијади. Еден е од малкумината македонски олимпијци кој успеал да освои 7 поени на шеста задача на ИМО. Тој беше срдечен колега и пријател за пример. Секогаш ведар и позитивен, полн со ентузијазам. Луциден и без влакна на јазикот, беше длабоко ценет од математичката фела поради неговата автентичност и вонсериски талент. Ќе остане вечно во нашите сеќавања. Замина на 42 години, но неговите бројни успеси остануваат да се паметат. Почивај во мир драг пријателе!

Прв меморијален натпревар
Задачи Решенија Резултати
Втор меморијален натпревар
Задачи прв ден Решенија прв ден
Задачи втор ден Решенија втор ден
Резултати
Трет меморијален натпревар
јуниори прв ден сениори прв ден
јуниори втор ден сениори втор ден
резултати – јуниорирезултати – сениори
Четврти меморијален натпревар
задачи јуниоризадачи сениори
решенија јуниорирешенија сениори
резултати јуниорирезултати сениори
Петти меморијален натпревар
категорија јуниори-задачикатегорија сениори-задачи
категорија јуниори-решенија категорија сениори-решенија
категорија јуниори-резултати категорија сениори-резултати