Школа за млади математичари

Најнови вести за школите

Школа за млади математичари 2023/2024

Најнови вести за школата:
18.06.2024 – Математичка работилница „Школа за млади математичари 2023/2024“
09.06.2024 – Излезе третиот број на е-списанието „Диофант“
03.04.2023 – Излезе вториот број на е-списанието „Диофант“
11.02.2024 – Излезе првиот број на е-списанието „Диофант“
28.11.2023 – Информација за формирање на е-училниците за настава на Школата за млади математичари 2023/2024
20.11.2023 – Продолжување на рокот за пријавување за Школата за млади математичари 2023/2024

Опис на школата:

Школата за млади математичари е замислена да биде продолжение на Есенската математичка школа во организација на Сојузот на математичари на Македонија, со што на учениците ќе им понудиме континурана работа во текот на целата учебна година. Но, школата за млади математичари ќе може да се посетува и независно од Есенската математичка школа. Школата е наменета за учениците од 4 одделение до 9 одделение од основните училишта и учениците од I до IV година од средните училишта од Македонија.

Школата за млади математичари ќе се реализира во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија, кои се организатори на Школата за млади математичари „Диофант“. Главна карактерстика на програмот „Диофант“ за додатна настава се темите кои ја следат редовната настава во училиштата, ја прошируваат со нови содржини и ги продлабочуваат знаењата со решавање на посложени задачи. Раководството на Школата за млади математичари на Сојузот на математичари на Македонија има направено адаптација на програмот „Диофант“ за да ја следи, проширува и збогатува редовната настава по математика во училиштата во Македонија.

Раководител на Школата за млади математичари е проф. д-р Ирена Стојковска од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Предавачи на школата се универзитетски професори по математика и истакнати наставници по математика од основните и средните училишта во Македонија со искуство во поттикнување и развивање на математичкото размислување кај учениците.

Реализација:

Реализацијата на наставата ќе се одвива преку Google училници и на Google meet платформата за што е потребно секој ученик да има своја или семејна електронска адреса на @gmail.com.

Учениците ќе имаат и звучна и визуелна комуникација со наставникот и можат во секој момент да ги искажат своите идеи, решенија, прашања.

Термини:

  • 4 одд – понеделник 19.00 – 20.15
  • 5 одд – вторник 19.00 – 20.15
  • 6 одд – среда 19.00 – 20.30
  • 7 одд – понеделник 20.30 – 22.00
  • 8 одд – вторник 20.30 – 22.00
  • 9 одд – среда 20.30 – 22.00
  • I и II год – четврток 20.30 – 22.00
  • III и IV год – четврток 20.30 – 22.00

Наставата ќе почне на 4 декември 2023 година и ќе трае до крајот на учебната 2023/2024 година. За време на зимскиот и пролетниот распуст нема да има настава. Доколку некој од термините се падне на државен празник, ќе биде закажан дополнителен термин во договор со наставникот.

Материјали:

Секоја наставна тема ќе биде покриена со следните видови на материјали кои ќе бидат објавувани во Google училниците:

  • Задачи за работа на час
  • Белешки од предавањата
  • Домашни задачи (кои учениците ги решаваат и ги праќаат на наставниците за прегледување)
  • Решенија на домашните задачи

Котизација:

Котизацијата за Школата за млади математичари 2023/2024 е 9.600 ден. (200 ден. за еден наставен час, вкупно 48 часа). Уплатата се врши на две рати (декември 2023 и февруари 2024) на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Школа за млади математичари 2023-24.

Попуст од 5% за уплата на котизацијата на една рата во декември 2023 (т.е. целата котизација одеднаш).
Попуст од 10% имаат учениците кои ја посетувале Есенската математичка школа 2023.
(Попустите не се комбинираат.)

Пријавување:

Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на онлајн формулар кон кој може да се пристапи преку следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение. Рокот за пријавување на школата е до 26 ноември 2023 год.

Теми и предавачи на школата:

4 одд. – проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Теми: Операции со природни броеви. Равенки – метод на вага. Равенки – метод на отсечки. Проблемски задачи. Дропки и проблемски задачи со дропки. Мерки за должина, маса, зафатнина и време.
Периметар на триаголник, квадрат и правоаголник. Плоштина на фигури на квадратна мрежа. Геометриски тела и нивни мрежи.
Пребројување на множества од броеви. Пребројување на множества од точки. Логичко – комбинаторни задачи.

5 одд. – м-р Ерблина Зеќири, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Теми: Природни броеви и нивен декаден запис. Операции со природни броеви. Равенки – пресметковни операции. Равенки – метод на правоаголници. Проблемски задачи. Дропки. Операции со децимални броеви. Проценти. Мерки за должина, маса, зафатнина и време.
Правоаголен Декартов координатен систем. Симетрија во координатен систем. Плоштина на квадрат и правоаголник. Агли – мерење на агли и операции со агли. Геометриски тела и нивни мрежи.
Пребројување на множества од броеви. Пребројување на множества од точки. Логичко – комбинаторни задачи.

6 одд. – проф. Даниела Димишковска, ООУ „Стив Наумов“, Скопје
Теми: Точка, права, отсечка. Операции со отсечки. Искршена линија. Многуаголник. Периметар на многуаголник. Агли. Мерење агли. Аритметички и графички операции со агли. Комплементни и суплементни агли. Накрсни и напоредни агли. Плоштина на квадрат и многуаголник. Внатрешни и надворешни агли кај триаголник. Внатрешни и надворешни агли кај четириаголник. Декартов правоаголен координатен систем. Симетрии, транслација и ротација во координатен систем. Изометриски пресликувања на триаголник и четириаголник (симетрии, транслација и ротација во координатен систем).
Природни броеви. Деливост на природните броеви со 2, 3, 4, 5, 8, 9 и 10  и 11. Прости и сложени броеви. НЗД и НЗС. Вовед во Диофантови равенки и проблеми. Дропки. Споредување дропки. Операции со дропки – собирање и одземање дропки. Одредување дел од целина. Операции со децимални броеви. Равенки со дропки и децимални броеви. Проценти. Проблемски задачи со дропки и проценти.
Аритметичка средина. Мала комбинаторика. Логичко-комбинаторни задачи

7 одд. – проф. Снежана Златковска, ООУ „Илинден“, Крива Паланка
Теми: Деливост и критериуми за деливост. Прости и сложени броеви.  НЗД и НЗС.  Едноставни Диофантови равенки и проблеми. Дропки-споредување, проширување и скратување. Операции со дропки.    Операции со децимални броеви. Претварање дропка во децимален број и обратно. Проценти.  Цели броеви-апсолутна вредност,собирање и одземање.  Цели броеви – множење и делење.  Линеарни равенки со една непозната. Проблемски задачи. Диофантови равенки во множеството цели броеви.
Плоштина и волумен на коцка и квадар. Агли со паралелни и нормални краци , агли на трансферзала.  Збир на внатрешни и надворешни агли на триаголник.  Збир на внатрешни и надворешни агли во четириаголник и било кој многуаголник.  Однос меѓу страни и агли во триаголник.  Средна линија на триаголник.   Задачи со 4 значајни точки во триаголник.  Складни триаголници/поим за складност,признаци. Примена на складни триаголници. Транслација,осна симетрија,ротација.

8 одд. – проф. д-р Елена Хаџиева, Универзитет „Св. Апостол Павле“, Охрид
проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
Теми: Цели броеви. Рационални броеви. Проблемски задачи. Размер и пропорција. Степени и операции со степени. Полиноми. Формули за скратено множење. Квадратен корен на рационален број. Ирационални и реални броеви.
Осна и централна симетрија, ротација и транслација. Агли со паралелни и нормални краци. Агли на трансверзала. Триаголник. Признаци за складност на триаголници. Паралелограм, трапез и делтоид. Правилни многуаголници. Плоштина на триаголник, четириаголник и правилен многуаголник. Периметар и плоштина на круг. Централен и периферен агол во круг. Талесова теорема за периферни агли. Тетивен и тангентен четириаголник.

9 одд. – проф. Јулија Митреска, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“, Скопје
проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Теми: Степени, операции со степени и примена (метод на последна цифра). Корени и операции со корени. Полиноми и операции со полиноми. Формули за скратено множење. Разложување на полиноми на множители. Полиноми и деливост. Решавање Диофантови равенки. Линеарна функција и линеарни равенки. Систем линеарни равенки. Линеарни неравенки.
Питагорина теорема. Примена на Питагорината теорема на правоаголен триаголник. Плоштина на четириаголници. Многуаголник и плоштина на многуаголник. плоштина на круг. Централен и периферен агол во круг. Тетивен и тангентен четириаголник. Периметар и плоштина на круг и делови од кругот. Талесова теорема за пропорционални отсечки. Сличност на триаголници – периметар и плоштина на слични триаголници. Примена на сличност во правоаголен триаголник. Делови од стереометрија.

I и II год. – м-р Јасмина Маркоска, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
Теми: Алгебра (полиноми, алгебарски дропки, диофантови равенки,конгруенции, неравенства, линеарна равенка, неравенка, фукција, равенки со апсолутна вредност, комплексни броеви, квадратна равенка,  систем линеарни равенки). Геометрија (сличност, складност, питагорова теорема, планиметрија и стереометрија-рабести тела), логичко-комбинаторни задачи.

III и IV год. – проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Теми: Квадратна функција. Ирационални равенки. Експоненцијална и логаритамска функција и равенка. Тригонометрија. Аналитичка геометрија. Виетови формули. Комплексни броеви. Низи (аритметичка и геометриска прогресија). Стереометрија-валчести тела.

Адреса за контакт: oms2324smm@gmail.com