Повик за донации

Call for donations

Почитувани,
Една од целите на СММ е откривањето и развојот на млади математички таленти. Овие ученици се одлични амбасадори на нашата земја на меѓународните натпревари, како и понатаму во животот како истакнати професионалци. Во оваа рана фаза на нивниот интелектуален развој, секоја инвестиција во нив во облик на часови, подготовки и менторство има огромно влијание на нивниот понатамошен животен тек.
СММ има амбиција да вложува сè повеќе и повеќе во развивањето на овие одлични идни математичари, што има двостран ефект:

– Им помага на самите иднивидуалци да ги достигнат своите соништа.
– Развивањето на истакнати успешни професионалци е прашање на национален интерес.

Во последните неколку години нашите ученици постигнуваат историски резултати, кои го привлекуваат вниманието на медиумите.

За нив може да прочитате овде: JBMO, BMO, IMO, EGMO .

За подемот на нашите резултати можете да видите овде каде лесно се забележува исклучителниот напредок на нашите екипи на Меѓународната математичка олимпијада од 75-тото место во 2019, 72-рото во 2020, скокнавме на 45-тото во 2021 година, па на 39-тото место во 2022 година.

Целта на СММ е да ја доведе нашата екипа во најдобрите 20 во светот, што би било неверојатен резултат за земја од 2 милиони жители и би нѐ претставило како држава со исклучителен математички капацитет во светските рамки. Но, за да го постигнеме ова, потребни се математички школи, тренинг кампови и часови кои би ги подготвувале нашите таленти во текот на целата година. Часовите би се оддржувале преку Zoom, за да се заштеди на сместување, а средствата би се користеле за плаќање на менторите.

Договорот за донирање и деталите од нашата сметка во банка можете да ги симнете овде. Пополнетиот договор испратете го на sojuz.na.matematicari@gmail.com .

СММ недвосмислено јавно ќе ја изразува својата благодарност до своите поддржувачи: тие ќе бидат именувани во понатамошните статии и интервјуа кои ќе говорат за нашите резултати, како и на оваа наша страна.

Се гледаме таму!

Ваш СММ!