Сојуз на математичари на Македонија

Согледувања од ИМО 2026

Меѓународната математичка олимпијада (ИМО) е најпрестижниот светски натпревар по математика за ученици од средното образование, на кој секоја година учествуваат најталентираните млади математичари од повеќе од сто држави. Самото учество на Олимпијадата претставува признание за извонреден талент, долгогодишна посветеност и способност за креативно решавање сложени математички проблеми.

Натпреварот се состои од шест исклучително тешки задачи, распоредени во два натпреварувачки дена, при што од учениците се очекува да понудат целосни и прецизно образложени математички докази.…

Прочитај повеќе

ИМО 2026: Злато, три бронзи и пофалница за Македонија

Глобално најпрестижниот математички натпревар годинава се одржува во Шангај, Кина. На 67. Интернационална Математичка Олимпијада, македонската репрезентација постигна одлични резултати.

Дамјан Давков (33 поени) – златен медал;

Ивано Божиновски (18 поени) – бронзен медал;

Леонид Тодороски (16 поени) – бронзен медал;

Андреј Тасиќ (16 поени) – бронзен медал;

Филип Калкашлиев (14 поени) – пофалница;

Марко Митевски (13 поени).

Прочитај повеќе

IEO 2026: Бронза и второ место за Македонија

Во периодот од 12 до 20 јули 2026 година, се одржа 9. Меѓународна економска олимпијада во Шенжен, Кина. Македонскиот тим освои бронзен медал и второ место на IEOx Youth Talks на ова престижно меѓународно натпреварување! 

Македонскиот тим го сочинуваа:

• Теа Ангелова, II година, „Меѓународно училиште НОВА”, Скопје 

• Ванеса Томова, I година, ПСУ „Јахја Кемал”, Скопје 

• Оливера Џамбазова, II година, СУГС „Орце Николов”, Скопје 

• Стефан Младеновски, III година, СОУ „Јосиф Јосифовски”, Гевгелија 

• Георги Јаковлев, III година, ПСУ „Јахја Кемал”, Струга 

Водичи на тимот беа проф.…

Прочитај повеќе