Според статутот на СММ (член 24, став 11 и став 12), управниот одбор ги организира натпреварите по математика и одлучува за учество на ученици и студенти на меѓународни натпревари по математика.
СММ организира:
– натпревари за учениците од основното образование (решение за акредитација)
– натпревари за учениците од средното образование (решение за акредитација)
Претседатели на комисиите за натпревари:
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com
Трајче Ѓорѓијевски за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование
Контакт: tgorgijevski@yahoo.com
Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com
Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт: dleskovski@gmail.com
Дел од задачите кои се дел од системот на натпревари во изминатиов период може да ги најдете на страната која ја подготвува Стефан Лозановски.