ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ДРЖАВНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Почитувани,

заради продолжувањето на рестриктивните мерки поврзани со Covid-19, ве известуваме дека СММ одлучи да ги одложи државните натпревари за средно и основно образование. 

Новите термини за одржување на државните натпревари се:

  • средно образование 8 и 9 мај 2021 година
  • основно образование 15 и 16 мај 2021 година

Повеќе детали околу натпреварите ќе бидат објавени подоцна. Напоменуваме дека евентуалното натамошно одложување на натпреварите ќе зависи од мерките кои ќе ги донесува Владата. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2021

Почитувани,

во периодот 9-15.04.2021 се одржа Десеттата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2021.

МКД тимот постигна одлични резултати.

Достигнувањата овој пат се:

златен медал – Марија Атанасова,

сребрен медал – Јасна Илиева и

бронзен медал – Емилија Николовска.

Успешно се покажа и значително го подобри тимскиот успех и Ивона Зикова.

Честитки до натпреварувачите!…

Прочитај повеќе

Известување за Државниот натпревар за средно образование

Почитувани,

во согласност со новите мерки за справување со пандемијата, СММ одлучи Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование, да се одложи за 14 дена.

Според тоа, новите термини за натпреварот се 24.04.2021 год. (сабота) и 25.04.2021 год. (недела). Подетално за распоредот, по години, во овие термини, ќе објавиме дополнително.…

Прочитај повеќе