Потпишан договор за соработка со „Диофант“

Почитувани,

на 13.10.2023 година, петок, беше остварена работна средба, со претседателот на математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија, дел од раководството на СММ, како и дел од наставниците кои ќе ја реализираат наставата во Школата за млади математичари.

Воедно беше потпишан и договор за соработка, кој во себе содржи подетален опис на идните активности.…

Прочитај повеќе

Прва македонска економска олимпијада

Почитувани,

Како што беше најавено, оваа година во организација на СММ, ќе се одржи Првата Македонска Економска Олимпијада МЕО 2023. Минатата година по две извршени селекции, нашата држава за прв пат испрати тим на Меѓународната економска олимпијада ИЕО. Од оваа година МЕО ќе биде основа за селекција на тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународната олимпијада.…

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на математиката

Почитувани,

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“.

Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи,

π = 3,14…. (3 – третиот месец март, 14-от ден во месецот)

Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е
МАТЕМАТИКА ЗА СЕКОГО  (Mathematics for Everyone)

Ги повикувам сите колеги математичари коишто сакаат да го одбележат денот во нашата земја, да организираат некаков математички евент во основните и средните училишта.…

Прочитај повеќе

Дополнителни информации за регионот Центар

Почитувани,

СММ одлучи учениците од регионот Центар, да ги решаваат задачите од Регионалниот натпревар за основно образование во амфитеатрите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во сабота на 26.03.2022 година.

До оваа одлука дојде затоа што ниту едно училиште од овој регион не сакаше да ги прифати, смести и организира учениците во училници за време од околу два часа, кое е предвидено за решавање на задачите.…

Прочитај повеќе

Меѓународен ден на математика

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА, International Day of Mathematics (IDM) е 14. март, а тој ден е познат уште и како „Денот на Пи“. Датумот е така одбран поради првите две цифри на најпознатата математичката константа Пи, π = 3,14…. Денот на Пи се слави низ целиот свет, а оваа година темата е МАТЕМАТИКАТА ОБЕДИНУВА.…

Прочитај повеќе

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА

Почитувани колеги, драги ученици, вљубеници во математиката…

Нека годината што започна донесе здравје, мир и благосостојба.

Со спомени во мислите, горди на успесите, мотивирани продолжуваме напред!

СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

НОВОГОДИШНА ЗАДАЧА

Почитувани,

СММ за Вас подготви интересна новогодишна задача, која гласи:

„ Дедо Mраз правел играчки за подароци кои биле волшебни. Така ако во еден куп има n играчки, по 24 часа тој број се менува и е еднаков на:

n/4, ако n е делив со 4;

(n+2)/4, ако n+2 е делив со 4; и

(3n+1)/2, ако n е непарен.…

Прочитај повеќе

Одлука на Собранието на СММ

Почитувани,

Собранието на СММ одржано на 25 септември 2021 година донесе одлука во врска со членарината, која изнесува 300 денари годишно. Како навремена уплата ќе се смета и онаа која за 2020 и 2021 ќе се изврши до 31 декември 2021 година.

Притоа, членарината за секоја следна година се уплаќа до 31 јануари во тековната година.…

Прочитај повеќе