Конечни резултати од општинскиот натпревар и учесници на регионалниот натпревар

Почитувани,
по разгледување на приговорите ова се конечните резултати од општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование:

Право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку пофалница на општинскиот натпревар.…

Прочитај повеќе

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР

Почитувани,

заврши општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование. За прв пат овој натпревар се одржа во исто време за сите ученици, а се реализираше електронски.

Задачите и решенијата од натпреварот се:

Првичните резултати по одделенија/класови се:

Приговор за општинскиот натпревар, до соодветните комисии, може да се поднесе преку следниве форми:

Приговорите може да се испратат до 22.02.2021 година, понеделник до 23:30 часот.…

Прочитај повеќе

Општински натпревар по математика

Почитувани,

во пресрет на одржувањето на општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование, дозволете да ве информираме подетално за текот на натпреварот:

  • Почетокот на натпреварот е во 10 часот, на 20.02.2021 година, сабота;
  • Пристапот до задачите се реализира со посредство на посебна веб страна која ќе биде објавена во сабота во 9:55 часот

ОВДЕ

  • Секој ученик врши избор на своето одделение/клас и наставниот јазик на кој ја следи наставата по математика;
  • Откако е направен тој избор, се внесуваат основните податоци на ученикот;
  • Бројот на задачи и времето за работа се разликуваат кај учениците од основното и средното образование (12 задачи за 120 минути за основно, а 20 задачи за 150 минути за средно);
  • На крајот на натпреварот, задолжително треба да се избере SUBMIT (Можна е појава на верификацијата-I’m not a robot).
Прочитај повеќе

Список на пријавени учесници за општинскиот натпревар по математика

Почитувани,

го објавуваме списокот на пријавени учесници на општинскиот натпревар по математика за:

Ве молиме, сите забелешки во однос на податоците од овој список испратете ги на sojuz.na.matematicari@gmail.com, најдоцна до 12 часот во петок, 19.02.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

поради огромен интерес за учество на опшинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование, рокот за пријавување го продолжуваме до вторник, 16.02.2021 година до 23 часот и 59 минути.

Листата со пријавени учесници ќе ја објавиме во среда, 17.02.2021 година и сите забелешки ќе може да ги испратите до четврток, 18.02.2021 година до 23 часот и 59 минути.…

Прочитај повеќе

Излезе од печат „Нумерус“ бр.46-2

Почитувани,

Ве известуваме дека вториот број на списанието Нумерус излезе од печат и веќе делумно е дистрибуирано до вас читателите.

Уживајте во темите и задачите кои Уредувачкиот одбор на ова списание ги подготви за Вас!

Ваш СММ! …

Прочитај повеќе

Објавен е вториот број на Математички Билтен за 2020 година

Почитувани колеги,

Објавен е вториот број од јубилејното 70. издание на списанието Матeматички Билтен, 44 (LXX) 2 (2020). 

Заинтересираните можат да го погледнат на официјалната интернет страница, т.е. на следниот линк: 2011-2020 – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)  или Latest Issues – МАТЕМАТИЧКИ БИЛТЕН (smm.org.mk)

Во оваа прилика Ве покануваме да поднесете свој оригинален научен труд за објавување во некој од следните два броја за 2021 година: Книга 45 (LXXI) 1 (2021) и Книга 45 (LXXI) 2 (2021).…

Прочитај повеќе

ПОТСЕТУВАЊЕ

Почитувани ученици, родители и ментори

ве потсетуваме дека сеуште трае пријавувањето за општинските натпревари и ПИ-ДЕН.

Крајниот рок за пријавување учесници на општинскиот натпревар за учениците од основното и средното образование е 12.02.2021 година, петок.

Пријавувањето за ПИ-ДЕН завршува на 6.03.2021 година, сабота.

Повеќе детали за начинот на реализација на секој од натпреварите ќе најдете на:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе