Екипа за ИМО 2025

Почитувани,

Ова се конечните резултати од изборниот тест за ИМО 2025 и збирно резултатите од ММО 2025, изборните тестови за БМО 2025 и ИМО 2025, со бонус поени за освоен медал на БМО 2025. Согласно актуелниот правилник за избор на олимписки екипи, на ИМО 2025 ќе нé претставуваат:

  • MKД 1 АЛЕКСИЈ ТАСИЌ 
  • MKД 2 ДАМЈАН ДАВКОВ 
  • МКД 3 ИВАНО БОЖИНОВСКИ 
  • МКД 4 ЛЕОНИД ТОДОРОСКИ   
  • МКД 5 БРАНКО ЈАНГЕЛОВСКИ  
  • МКД 6 МАРКО СЕРАФИМОВСКИ



Им посакуваме успех!…

Прочитај повеќе

ЈММО 2025

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2025 ќе се одржи на 18 мај 2025 година со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математички факултет во Скопје, во зградата на Институтот за хемија (долна зграда).

На ЈММО се покануваат учениците:

од 7 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 6,

од 8 одделение кои на Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 12,

од 9 одделение кои на  Државниот натпревар се рангирани на места 1 до 18.…

Прочитај повеќе

Изборен тест за ИМО

Почитувани,

се одржа изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на 66. Интернационална Математичка Олимпијада, ИМО 2025 (https://imo2025.au/). 

Вчера и денес (7. и 8. мај), во просторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најдобрите 11 млади македонски натпреварувачи ги решаваa овие 6 задачи од олимписки калибар. Во прилог можете да ги погледнете официјалните решенија и распределбата на поени.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од државниот натпревар за основно образование 

Почитувани

во прилог се конечните резултати од државниот натпревар за основно образование

Според резултатите државни прваци се:

  • седмо одделение Андреа Јовановска, ООУ „Петар Поп Арсов“, Карпош, Скопје
  •  осмо одделение Зоран Илијоски 8 ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево

Државниот првак за деветто одделение ќе се избере според резултатите од ЈММО, а за шесто одделенеи со дополнително тестирање кое ќе се одржи за време на одржувањето на ЈММО.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

Во прилог се решенијата на задачите и прелиминарните резултати од Државниот натпревар за основно образование, по одделенија:

Приговори може да се поднесуваат до недела, 4 мај 2025 година до 22 часот на следниов линк.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе