Математичка работилница „Школа за млади математичари 2023/2024“

Крајот на Школата за млади математичари 2023/2024 го одбележавме со математичка работилница за најмладите, учениците од 4 и 5 одделение, која се одржа денес, 18.06.2024, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Темата на работилницата беше „СОМА сложувалка“ која учениците сами ја изработија и потоа составуваа фигури според дадена слика. Организиравме и мал натпревар во составување на фигури на кој победи Бојана Мазнова V одд.…

Прочитај повеќе

Државен првак за шесто одделение

Почитувани,

на 10.06.2024 година, петок, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа дополнително тестирање за избор на државен првак за шесто одделение. Во прилог се задачите кои ги решаваа учениците.

Државен првак за шесто одделение се прогласува ученичката Андреа Јовановска од ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Излезе третиот број на е-списанието Диофант

Почитувани,

Ве известуваме дека излезе третиот број на е- списанието за додатна настава по математика „Диофант“. Списанието излегува повремено и по потреба и е со слободен пристап. Кон броевите на списанието „Диофант“ може да пристапите од страницата на списанието на следниот линк.

Од Уредниците на списанието …

Прочитај повеќе

Конечни резултати од ЈММО 2024

Почитувани,
Во прилог се конечните резултати и распределбата на медали на ЈММО 2024.
Избрана e екипата што ќе ја претставува нашата земја на 28. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада:
• Никола Стојковски, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Дијар Адеми, ученик во VIII одделение при ПСУ „Јахја Кемал“, Карпош, Скопје
• Филип Калкашлиев, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Андреј Тасиќ, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Калина Грашкоска, ученик во VIII одделение при ОOУ „Кочо Рацин“, Центар, Скопје
• Теа Ангелова, ученик во IX одделение при ООУ „Гоце Делчев“ с.Василево, Струмица
Со нашите олимпијци ќе бидат:
• Петар Филиповски, како водач,
• Христина Митреска, како заменик водач.…

Прочитај повеќе

ЈММО 2024

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа XXVIII Јуниорска Македонска математичка олимпијада за учениците до 15.5 години. Во прилог се задачите и решенија со распределба на поени. 

Ви пренесуваме и дел од амбиентот:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ИЗБОР НА ДРЖАВЕН ПРВАК ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

Почитувани,

Ги известуваме учениците од 6 одделение кои на државниот натпревар имаа по 100 поени дека тестирањето за избор на државен првак ќе се одржи на 10 јуни 2024 година во 10 часот во просториите на ПМФ.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за државни прваци од средно образование

Почитувани,

Државните прваци за средно образование се:

Прва година – Ивано Божиновски, Математичко – информатичка гимназија, Скопје

Втора година – Марко Серафимовски, ПСУ Јахја Кемал – Карпош, Скопје

Трета година – Алексиј Тасиќ, ПСУ Јахја Кемал – Карпош, Скопје

Четврта година – Емилија Николовска, Математичко – информатичка гимназија, Скопје

Првакот во втора година е одреден согласно подобрите резултати на ММО 2024.…

Прочитај повеќе