Прва македонска економска олимпијада

Почитувани,

Како што беше најавено, оваа година во организација на СММ, ќе се одржи Првата Македонска Економска Олимпијада МЕО 2023. Минатата година по две извршени селекции, нашата држава за прв пат испрати тим на Меѓународната економска олимпијада ИЕО. Од оваа година МЕО ќе биде основа за селекција на тимот кој ќе ја претставува Македонија на меѓународната олимпијада.…

Прочитај повеќе

Екипа за БMO 2023

Почитувани,

Во прилог се збирно конечните резултати од ММО 2023 и изборниот тест за БМО 2023, согласно кои македонската екипа за овогодинешната балканијада е:
МКД 1 Дамјан Давков
МКД 2 Алексиј Тасиќ
МКД 3 Никола Цветаноски
МКД 4 Јан Стојановски
МКД 5 Никола Спировски
МКД 6 Алек Танаскоски

Им посакуваме успех!…

Прочитај повеќе

Изборен тест за БМО

Почитувани,

вчера (сабота 22.4) се одржа изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на БМО 2023 (https://bmo2023.tubitak.gov.tr/).

Во прилог се задачите кои натпреварувачите ги решаваa во период од 4.5 саати на Машинскиот факултет во Скопје:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

EGMO 2023

Почитувани, 

Во периодот 13-19 април 2023 година, во Порторож, Република Словенија, се одржа 12-тата Европска женска математичка олимпијада ЕГМО 2023.

На олимпијадата учествуваа 54 држави, од кои 38 во официјална конкуренција (европски држави). Учествуваа вкупно 213 учесници од кои 151 учесник од официјалните земји учеснички. Македонскиот тим успешно се претстави и се врати со освоени еден брозен медал и две пофалници.…

Прочитај повеќе

Информациja за изборниот тест за БМО

Почитувани,

тестот за избор на македонската екипа за БМО 2023 ќе се одржи оваа сабота 22. април во просториите на Машинскиот факултет во Скопје.

Учесниците е потребно да бидат пред јужниот влез на главната факултетска зграда најдоцна во 9 часот и 30 минути.

Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од ММО 2023

Почитувани,
во прилог се конечните резултати од 30. Македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонската екипа за БМО 2023 ќе се одржи на 22. април (сабота). Подетални информации во текот на следните денови.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

ММО 2023

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот, се одржа XXX Македонската математичка олимпијада за учениците од средно образование. Во прилог се задачите, решенијата и распределбата на бодовите како и прелиминарните резултати

Крајниот рок за приговори е утре (понеделник) 10.04.2023 година до 12 часот и 30 минути.  Приговорите да се испраќаат електронски до Претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование, на следната адреса: mirko.petrushevski@gmail.com .…

Прочитај повеќе

Информации за ММО 2023

Почитувани,

во прилог е списокот на ученици кои се поканети на 30. Македонска Математичка Олимпијада, согласно следниот  критериум:

 „Сите учесници на последниот државен натпревар по математика кои освоиле награда на државниот или на четвртиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски -Цане“.

ММО ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во недела 9.

Прочитај повеќе