Меморијален математички натпревар Александар Блажевски-Цане

Почитувани ученици,

Сојузот на математичари на Македонија одлучи да организира  меморијален математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане.  

На натпреварот ќе учествуваат учениците кои во оваа учебна година се во основно или средно образование и: освоиле медал/пофалба на ММО 2019 година, или златен/сребрен медал на ЈММО 2019 година, или биле дел од национален тим на некој меѓународен математички натпревар (ЈБМО, БМО, ЕГМО, или ИМО).  …

Прочитај повеќе

Програма на Есенската математичка школа 2019 за 19 и 26 октомври и 2 и 9 ноември 2019

Драги ученици,

Програмата на Есенската математичка школа 2019 за следните денови, 19 и 26 октомври и 2 и 9 ноември 2019 година, може да ја симнете од тука.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.

Ве очекуваме подготвени да продолжиме да работиме математика и да другаруваме!…

Прочитај повеќе

Програма на Есенската математичка школа 2019 за 5 октомври 2019

Драги ученици,

Програмата на Есенската математичка школа 2019 за првиот ден 5 октомври 2019 година, термините за регистрација, отварањето, распределбата по простории, потребниот нестандарден прибор за работа и правилата на однесување, може да ги симнете од тука.

Обновениот список на учесници на Есенската математичка школа 2019 може да го најдете на следниот линк.…

Прочитај повеќе

Писмо до читателите на СИГМА

Драги ученици, професори и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати и
продлабочување на љубовта кон математиката. Списанието „Сигма“ ја продолжува долгогодишната
традиција на објавување математички содржини наменети за учениците и професорите во средното образование, како и за сите љубители на математиката.…

Прочитај повеќе

Писмо до читателите на НУМЕРУС

Драги ученици, наставници и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година Ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати, продлабочување на љубовта кон математиката, како и весело другарување. Списанието „Нумерус“ ја продолжува долгогодишната традиција на објавување математички содржини наменети за учениците во основното образование, за самостојно користење, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и во додатната настава по математика.…

Прочитај повеќе