Комисијата за школи и кампови започна со планирање на своите активности

Комисијата за школи и кампови, формирана на состанокот на Управниот одбор одржан на 19.08.2019 година, во состав: проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Петар Соколоски, м-р Јасмина Маркоска, доц. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, започна со планирање на активностите за наредната учебна 2019/2020 година.

Планирани се неколку модели на математички школи и кампови за учениците од основно и средно образование за време на учебната година, а може и за време на распустите.…

Прочитај повеќе

Раководство на СММ

На состанокот на УО од 19.08.2019 година избрани се:

Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, за потпретседател на СММ
Д-р Петар Соколоски, доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје, за секретар на СММ
Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за благајник на СММ …

Прочитај повеќе

Главни и одговорни уредници на списанија

На состанокот на УО од 19.08.2019 година избрани се:

Д-р Весна Целакоска Јорданова, редовен професор на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за главен и одговорен уредник на списанието Математички билтен
Контакт: celakoska@gmail.com

Д-р Ристо Атанасов, редовен професор на Western Carolina University, USA, за главен и одговорен уредник на списанието Сигма
Контакт: risto.atanasov@gmail.com

Д-р Слаѓана Јакимовиќ, редовен професор на Педагошкиот факултет „ Св.…

Прочитај повеќе

Претседатели на комисии

На состанокот на УО од 19.08.2019 избрани се следните претседатели на комисии:

Д-р Анета Гацовска-Барандовска, доцент на Институтот по математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за средно образование
Контакт: agacovska@gmail.com

Трајче Ѓорѓијевски, советник по математика, раководител на одделението за наставни планови и програми при БРО, за претседател на комисијата за задачи за натпревари (заклучно со државниот натпревар) за основно образование
Контакт: tgorgijevski@yahoo.com

Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование
Контакт: mirko.petrushevski@gmail.com

Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, за претседател на комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Контакт: dleskovski@gmail.com

Прочитај повеќе

Меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Сојузот на математичари на Македонија се приклучува кон повикот на Друштвото на физичарите и Природно-математичкиот факултет со Институтите за математика и физика за масовна и плодна заедничка активност во рамките на Меѓународната конференција која ќе се одржи на 27-28 септември 2019 на ПМФ.

Главните придобивки од оваа конференција се однесуваат на подигнување на општествената свест за реално согледување на состојбите во кои се наоѓа македонското образование и предизвиците во насока на негово зајакнување и подобрување.…

Прочитај повеќе

Првиот состанок на УО

Управниот одбор (УО) на својот прв состанок, одржан на 19.08.2019 година, избра претседатели на комисиите за натпревари на учениците од основното и средното образование и избра главни и одговорни уредници на списанијата: Математички билтен, Сигма и Нумерус. На тој состанок беа избрани потпретседател, благајник и секретар на СММ. Избрана е и комисија која ќе се грижи за организирање и реализирање на математички школи, кампови и обуки за учениците и наставниците.…

Прочитај повеќе

Нова интернет страница на СММ

Добредојдовте на новата интернет страница на Сојузот на математичари на Македонија. Тука можете да ги најдете најновите информации поврзани со работата на сојузот, натпреварите по математика и слично.

Старата интернет страница може да се најде тука: http://old.smm.org.mk. Таа е привремено активна за да се зачува историјата на Сојузот на математичарите на Македонија.…

Прочитај повеќе