„Сребро, две бронзи и две пофалници на IMO2021“

Почитувани,

огромен успех за македонскиот тим на IМО 2021.

Најмладиот член на тимот, Дамјан Давков, ни донесе сребрен медал. Бронзени медали освоија Никола Спировски и Блаже Суклевски, а пофалнициЛука Грашковски и Јасна Илиева. На ИМО 2021 успешно учествуваше и Марија Атанасова.

Лидер на тимот беше проф д-р Ристо Атанасов, а заменик лидер проф д-р Мирко Петрушевски.…

Прочитај повеќе

Заврши вториот олимписки ден

Почитувани,

денес заврши и вториот олимписки ден, односно решавањето задачи.

Натпреварувачите имаа повторно 270 минути за нови три задачи, а скенираните решенија ги испративме до организаторот.

Наредните денови, водачот и заменикот водач на нашиот тим учествуваат во координацијата со домаќинот. Натпреварувачите имаат можност да следат предавања од различни области и да учествуваат во шаховски натпревар (подетално овде).…

Прочитај повеќе

Заврши првиот олимписки ден

Почитувани,

првиот олимписки ден од ИМО 2021, заврши!

Нашиот тим е во состав: Лука Грашкоски, Дамјан Давков, Никола Спировски, Блаже Суклевски, Јасна Илиева и Марија Атанасова, а проф. д-р Ристо Атанасов е лидер на тимот, додека пак проф. д-р Мирко Петрушевски е заменик лидер.

Натпреварувачите решаваа три задачи за време од 270 минути, потоа решенијата се скенираа и испратија до организаторот.…

Прочитај повеќе

Четири медали за македонската екипа на ЈБМО 2021

Почитувани,

ни претставува посебна чест да ги споделиме со вас одличните вести за огромниот успех на македонската екипа на Јуниорската балканска математичка олимпијада 2021.

Освоивме еден златен, еден сребрен и два бронзени медали. Носители на медалите се:

  1. Дамјан Давков – златен медал
  2. Алексиј Тасиќ – сребрен медал
  3. Бранко Јангеловски – бронзен медал
  4. Леонид Тодороски – бронзен медал

На ЈБМО 2021 успешно учествуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска.…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈБМО 2021

Почитувани,

денес со почеток во 10 часот се одржа 25-тата Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2021).

Формален домаќин на Олимпијадата е Кишињев, Молдавија. Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Резултатите ги очекуваме во сабота, 5.07.2021 година, а дотогаш еве дел од атмосферата со натпреварувачите низ слики:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе