ИМО 2019

ИМО-Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижниот математички натпревар во светски рамки.

Сите податоци околу резултатите, освоените медали, задачите и решенијата на досегашните олимпијади може да ги најдете овде.

Во тек е 60-тата ИМО која се одржува во Велика Британија. Во исчекување на резултатите, сите дополнителни информации се овде.…

Прочитај повеќе

СММ има ново раководство

На 2.07.2019 година во просториите на Машинскиот факултет во Скопје беше избрано новото раководство на Сојузот на математичарите на Македонија. Следните четири години со СММ ќе раководи д-р Ѓорѓи Маркоски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Членови на Управниот одбор(УО), по азбучен ред се:

  • Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје
  • Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје
  • Д-р Петар Соколоски, доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје
  • Слаѓан Станковиќ, професор по математика во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово
  • Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје
  • Д-р Никита Шекутковски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје

Членови на Надзорниот одбор (НО), по азбучен ред се:

  • Трајче Ѓорѓијевски советник по математика во Бирото за развој на образованието
  • Бојан Јовески инженер по компјутерски науки
  • Д-р Мартин Лукаревски, вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Прочитај повеќе