Список на учесници на Државниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование ќе се одржи на 8.05.2021 година, сабота и 9.05.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои освоиле прва награда и оние ученици од деветто одделение кои освоиле втора награда на Регионалниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Список на учесници на Државниот натпревар по математика за средно образование

Почитувани,

Државниот натпревар по математика за учениците од средното образование ќе се одржи на 10.04.2021 година, сабота и 11.04.2021 година, недела.

На Државниот натпревар се пласирани сите наградени ученици од прва и втора година, како и сите пофалени и наградени ученици од трета и четврта година.

Конечниот список со постигнатиот успех на сите ученици од Регионалниот натпревар за средно образование 2021 година, може да го најдете овде.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Регионалниот натпревар за основно образование 2021

Почитувани,

следуваат прелиминарните резултати од Регионалниот натпревар, по одделенија, за учениците од основното образование.

Правото за приговор, може да го реализирате преку пополнување на следната форма до 19 часот во петок, 19.03.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Победници на ПИ-ДЕН 2021

Почитувани ученици, наставници, родители и љубители на математиката, го завршивме второто заедничко прославување на Меѓународниот ден на математиката, 14 март 2021 година.

Задачите, решенијата и вашиот постигнат успех од државниот електронски натпревар, ќе ги добиете на електронската пошта со која се најавивте како учесник.

Првопласираните учесници во секое одделение/година се во следниот список.

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од Регионалниот натпревар за средно образование 2021

Почитувани,

следуваат прелиминарните резултати од Регионалниот натпревар, по години, за учениците од средното образование.

Правото за приговор, може да го реализирате преку пополнување на следната форма до 23 часот во вторник, 16.03.2021 година.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од Регионалниот натпревар по математика 2021

Почитувани,

следуваат задачите и решенијата кои ги подготвија Комисиите за натпревари во основното и средното образование.

Регионалниот натпревар по математика 2021 се реализираше со посредство на Microsoft Teams, во соработка со делегатите кои се грижеа за регуларноста на целиот натпревар.

Низ слики ви пренесуваме дел од атмосферата во која се реализираше Регионалниот натпревар 2021.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2021

Почитувани натпреварувачи,

Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН се реализира во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март.

Задачите кои ги подготвивме се поставени на следната веб страна

smm_pi_den_2021

Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1 одделение
  • 2 одделение
  • 3 одделение
  • 4 и 5 одделение
  • 6 и 7 одделение
  • 8 и 9 одделение
  • I и II година
  • III и IV година
  • 18+

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информации за Регионалниот натпревар за четврто и петто одделение

Почитувани,

задачите за Регионалниот натпревар по математика за нашите најмали учесници, учениците од четврто и петто одделение, ќе ги поставиме во сабота, 13.03.2021 година, на оваа адреса:

umm-contest-reg-2021

Ве потсетуваме да бидете таму во сабота за да може да пристапите до задачите. Формата за работа е иста како за општинскиот натпревар, а контролата ќе ја вршат вашите ментори-предметните наставници.…

Прочитај повеќе

Конечен список на пријавени ученици за Регионалниот натпревар 2021

Почитувани,

заврши пријавувањето на учениците од основно и средно образование за Регионалниот натпревар по математика 2021.

Деновиве формиравме тимови од одговорни наставници кои се задолжени за вршење на контролата врз текот на натпреварот. Одржани се средби со посредство на Microsoft Teams, дадени се подетални упатства и направени се проверки на начинот на комуникација меѓу одговорните наставници и учениците.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН

Поради голем интерес на учениците за учество на натпреварот ПИ-ДЕН го пролонгираме пријавувањето до среда 10.03.2021 година, во 12 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе