ПИ-ДЕН

Најнови вести за натпреварите

Почитувани натпреварувачи,

Математичкиот државен електронски натпревар ПИ-ДЕН се реализира во чест на Меѓународниот ден на математиката, 14 март.

Учесниците се поделени во 9 категории, почнувајќи од учениците од прво одделение, до категоријата 18+. Задачите имаа логички карактер и се однесуваат на наставните содржини кои се соодветни за возрасната група на која се однесуваат. Организирани се во три групи задачи со различна тежина кои носат 1, 2 и 3 поени, соодветно.

Најмладите учесници имаат 10 задачи, од кои првите три носат по 1 поен, следните четири по 2 поени и последните три по 3 поени т.е. вкупно 20 поени. Учениците од второ одделение имаат 15 задачи од кои првите четири по 1 поен, следните седум по 2 поени и последните четири по 3 поени т.е. вкупно 30 поени. Почнувајќи од трето одделение, па се до категоријата 18+, првите пет задачи носат по 1 поен, по 2 поени следните 10 и по 3 поени последните 5 задачи т.е. вкупно 40 поени. Најдобар е оној натпреварувач кој ќе реши најмногу точни задачи и за најкратко време.

Сите задачи имаат решение природен број или нула. Натпреварувачите го внесуваат бараниот број во соодветното поле. На крај системот можеби ќе побара автентичност на корисникот (I’m not a robot).  Натпреварот завршува кога ќе ги пополните сите полиња за решенија и ќе изберете Submit, за максимално време од 90 минути. На електронската пошта која ја наведовте на почеток на натпреварот ќе ви стигнат податоци со вашите решенија. Тоа е потврда дека вашите решенија се примени во системот.

Секој пријавен натпреварувач во соодветното време ќе добие пристап до задачите кои ги предвидовме за овој натпревар. На почеток мора да внесете валиден e-mail, име и презиме, училиште, град и соодветно одделение или година. Откако ќе ги внесете овие податоци изберете „понатаму“ и ќе пристапите до задачите.

Почитувани, задачите ќе ги решавате во домашни услови. Ве потсетуваме дека иако натпреварот има рекреативен карактер, чесноста е посакувана и очекувана!

Ваш СММ!

ПИ-ДЕН 2020

ПИ-ДЕН 2021

ПИ-ДЕН 2022

ПИ-ДЕН 2023