Нумерус e математичко списание за учениците од основните училишта. Главен и одговорен уредник e Петар Филиповски, наставник по математика во „ООУ Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје. Контакт: filipovskipetar@gmail.com
Драги ученици, наставници и други љубители на математиката,
На почетокот на новата учебна година Ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати, продлабочување на љубовта кон математиката, како и весело другарување. Списанието „Нумерус“ ја продолжува долгогодишната традиција на објавување математички содржини наменети за учениците во основното образование, за самостојно користење, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и во додатната настава по математика.
И оваа година во списанието ќе можете да ги најдете задачите кои соодветствуваат на пропозициите за училишните, општинските и регионалните натпревари. Покрај конкурсните и наградните задачи, ќе се сретнете и со прилози за математичката олимпијада и математичките натпревари за ученици до 15,5 години, како и со прилози од математичките школи во организација на Сојузот на математичари на Макединија и прилози од примената на математиката во секојдневниот живот. Особено внимание ќе посветиме на обработка на теми, приоди и методи коишто не се доволно развиени во рамките на постојните наставни програми по математика за деветгодишното основно образование, а се неопходна алка во подготовката за натпреварите.
„Нумерусот“ ќе го збогатиме и со математички занимливости. Новитет од оваа учебна година е тоа што во конкурсните задачи ќе бидат опфатени и учениците од 1 во до 3 то одделение.
Списанието „Нумерус“ е со изменето уредништво, коешто ја користи можноста да ве покани да доставувате решенија на конкурсните и на наградните задачи, како и свои прилози во кои обработувате полезни и интересни содржини за учениците. Со особено задоволство ќе ги објавуваме прилозите и на младите математичари – ученици од основните училишта кои од нас ќе добијат подршка во развивањето вештини за објавување математички прилози и статии. Ги очекуваме вашите мислења и коментари за она што ќе го објавиме, како и предлози кои содржини би сакале да ги обработиме во списанието.
Посакуваме успешна соработка!
Од Уредувачкиот одбор
Упатствата за претплата, за испраќање решенија и за доставување прилози се достапни на страната www.smm.org.mk.
Упатствo за претплата
НУМЕРУС,популарно математичко списание за учениците од основното образование,
ISSN 1409-875X
Се објавува во октомври, декември, февруари и април. Цената за порачка на еден печатен примерок на НУМЕРУС е
- 160 денари, ако се подигне од ПМФ,
- 200 денари за праќање по пошта.
Годишната претплата за 4 броја е
- 600 денари, за нарачки по пошта помали од 20 примероци од Нумерус,
- 480 денари ако списанието се подигне од ПМФ, или од Битола (за подигнување од Битола контактирајте го Главниот уредник на НУМЕРУС на filipovskipetar@gmail.com) или се нарачаат по пошта барем 20 броја од списанието.
За групна претплата, на секои 10 примероци, единаесеттиот е бесплатен.
Претплатата се уплаќа на:
Жиро сметка: 300000001276071, ЕДБ 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД, Сојуз на математичари на Македонија (со назнака за НУМЕРУС)
Нарачките на списанието Нумерус се прават со пополнување на податоците наведени во следнава Форма.
Упатство за испраќање прилози
Прилозите за објавување во списанието „Нумерус“ се изготвуваат во Word 2003, Word 2007 (или понова верзија) или LaTex со прецизно нацртани слики. Секој прилог се испраќа во посебен документ насловен со името и презимето на (првиот) автор и скратен наслов. Урнек за прилог е достапен овде, а се користи форматот А5, сите маргини 0.75 in, фонт: SkolaSerifCnOffc, големина на текст 10, единечен проред, текст без индентација, центриран наслов на прилогот со големи букви. Ќе бидат земени предвид само прилози кои се соодветни за објавување во популарното математичко списание за ученици од основното образование. Прилози во коишто не се наведени користени извори на крајот од прилогот („во текст“ референци не се пожелни) не се објавуваат.
Прилозите се испраќаат во електронска форма на е-адреса: numerus.smm@gmail.com
Предмет (Subject): Прилог за Нумерус
Текст на пораката: Име и презиме на авторот/авторите, наставно или наставно-научно звање (одделенски наставник, предметен наставник, наставно-научен кадар или соработник на универзитет), студент или ученик, име на училиштето или универзитетот, место.
Упатство за решавачи на задачи
Решенијата на конкурсните и на наградните задачи можат да се испраќаат најдоцна до последниот ден од месецот во кој е објавен тековниот број, на следниов начин:
Во електронска форма на е-адреса:
numerus.smm@gmail.com
Предмет (Subject): Конкурсни задачи или Наградни задачи
Текст на пораката: Име и презиме на решавачот, одделение и паралелка, име на училиштето и место (општина, град или село).
Решението на задачата треба да биде читливо испишано на рака, по една задача на посебен лист (не мора да се достави решение на секоја задача од рубриката), со јасно образложение и прецизно нацртани слики, ако решението ги содржи. Напишаните решенија на рака потоа се скенираат. Задачите од различни рубрики се испраќаат во посебни пораки, на коишто во предметот (subject) се наведува називот на рубриката. Скенираното решение на секоја задача се прикачува кон електронската порака во посебен документ насловен со: Називот на рубриката, бројот на задачата, името и презимето на решавачот.
Имињата на решавачите кои испратиле точни решенија се објавуваат во наредниот број на списанието, а наградите за најуспешните решавачи се доделуваат на крајот на учебната година.
Уредувачки одбор на Нумерус
- Петар Филиповски – главен и одговорен уредник, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
- Христина Митреска – одговорен уредник (Математички загатки и популарни прилози), Скопје
- проф д-р Елена Хаџиева – одговорен уредник (Одделенска настава), Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид
- проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева – одговорен уредник (Предметна настава), Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- проф. д-р Делчо Лешковски – одговорен уредник (Олимписко катче), Меѓународен Балкански Универзитер во Скопје
- Никола Спировски – одговорен уредник (Меѓународни натпревари), Скопје
- Петар Филиповски (Конкурсни задачи – одделенска настава), ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
- Петар Филиповски – одговорен уредник (Конкурсни задачи – предметна настава), ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
- м-р Надежда Илиева – одговорен уредник (Наградни задачи), Department of Mathematics and Computer Science, University of Basel
Уредници:
- проф. д-р Виолета Анѓелкоска, Американски Универзитет на Европа – ФОН во Скопје
- Весна Бојаџиева, ООУ „Кочо Рацин“ во Скопје
- проф. д-р Валентина Гоговска, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Пеце Георгиев, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Бојан Димовски, Скопје
- м-р Стево Ѓоргиев, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Бошко Илијоски, Кичево
- Јасмина Костова Папалазова, СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
- м-р Милена Мицковска, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- м-р Јасна Илиева, School of Computer and Communication Sciences, EPFL, Швајцарија
- Марија Стојковска, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
- Анастасија Тортевска, Скопје
- Зоран Штерјов, СОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип
Технички уредник: м-р Милена Мицковска, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје