Почитувани,
локалната организација за Македонија на 15. издание на Европскиот Математички Куп (англ. European Mathematical Cup) е повторно доверена на
СММ. Овој престижен меѓународен натпревар ќе се одржува во повеќе држави во
периодот 12-20 Декември 2026. Официјалната веб страна е: www.emc.mnm.hr.
За учесниците од Македонија натпреварот ќе се одржи на 20.12.2026 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 10ч.
Ги покануваме да земат учество сите ученици во основно или средно образование
кои на ЈММО 2026 или ММО 2026 освоиле медал. Секој натпреварувач
е потребно да биде пред факултетската зграда на ПМФ-Скопје најдоцна во 9 часот
и 30 минути.
Списокот на поканети ученици можете да го погледнете тука. Ги замолуваме сите
македонски натпреварувачи на 15. Eвропски Математички Куп да го потврдат
своето присуство на е-адресата mirko.petrushevski@gmail.com.
Ваш СММ!