Излезе вториот број на НУМЕРУС за оваа учебна година

Почитувани љубители на математиката,

Во пресрет на Новата 2020 година, ви посакуваме среќна, успешна и благодетна година и весели Божиќни празници!

Ви претстои зимскиот распуст и добро заслужениот одмор после првото полугодие исполнето со многу учење, дружба и забава со другарчињата. Можеби ќе скијате или ќе излезете на толку посакуваниот снег со своите санки, можеби ќе планинарите или ќе одите до најблиското лизгалиште.…

Прочитај повеќе

Известување за општински натпревар за учениците од средното образование

Почитувани ученици, родители и наставници!

Сојузот на математичари на Македонија, Ве поканува да станете дел од циклусот натпревари за учениците од средното образование, кој започнува на 25.01.2020 година, со општинскиот натпревар.

Сите потребни информации поврзани со овој натпревар се:

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од средните училишта

Претседател, Д-р Анета Гацовска-Барандовска…

Прочитај повеќе

„Математика, учење и другарување“ – приказната за Есенската математичка школа 2019

Во периодот 5. октомври – 1. декември 2019 год., на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Есенската математичка школа 2019 во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. Школата беше наменета за учениците од 4 до 9 одд. од основното образование и учениците од 1 до 4 год. од средното образование.…

Прочитај повеќе

Доделување дипломи за завршена Есенска математичка школа 2019

Во сабота, 14 декември 2019 година, со почеток во 12.30 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде доделувањето на дипломите за завршена Есенска математичка школа 2019. Учениците кои го полагаа завршниот тест се веќе информирани за резултатите од тестот.

На сите ученици им ги честитаме постигнатите резултати! Учениците кои не ја завршија школата им посакуваме подобри постигнувања следниот пат.…

Прочитај повеќе

Ноември – Месец на науката 2019

Во текот на месец ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет по четврти пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Беа презенитари вкупно 43 проекти, а најуспешните беа и наградени.…

Прочитај повеќе