Известување за општински натпревар за учениците од основното образование



Почитувани ученици, родители и наставници!

Сојузот на математичари на Македонија, Ве поканува да станете дел од циклусот натпревари за учениците од основното образование, кој започнува на 29.02.2020 година, со општинскиот натпревар.

Сите потребни информации поврзани со овој натпревар се:

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од основните училишта

Претседател, Трајче Ѓорѓијевски



Прочитај повеќе

Задачи од општинскиот натпревар по математика за средно образование

Почитувани,

еве ги задачите од општинскиот натпревар по математика за учениците од средното образование кој се одржа на 25.01.2020 година.

Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска…

Прочитај повеќе

Резултати од општинскиот натпревар по математика за средно образование

Почитувани ученици, ментори и родители,

право на учество на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 8.02.2020 имаат учениците кои на општинскиот натпревар освоиле најмалку 30 поени. На списоците по региони се додадени ученици кои биле пријавени дека имаат директен пласман на регионалниот, со награда од минатогодишниот државен натпревар.

Ги замолуваме менторите, доколку увидат пропуст или заборавиле да ги испратат имињата на некои ученици со право на директен пласман, истото да го сторат што е можно побрзо на smm.sredno@gmail.com.…

Прочитај повеќе

БИДИ ЧЛЕН НА СММ

Почитувани,

Со цел ажурирање на членството, Сојузот на математичари на Македонија Ве повикува да се пријавите за членство, со уредно пополнување на бараните податоци од пријавата.

Најавуваме дека редовното собрание на СММ ќе се одржи во втората половина на февруари 2020 година. На него ќе можат да учествуваат само оние кои целосно ја пополниле и доставиле бараната пријава.…

Прочитај повеќе

Училишта каде ќе се одржи општинскиот натпревар за средно образование

Општинскиот натпревар за учениците од средното образование ќе се одржи во сабота на 25.01.2020 година со почеток во 10 часот. Натпреварот трае 150 минути, а овде е списокот со локалните координатори и училиштата во кои ќе се одржи.

Ви посакуваме успех на натпреварот!

Сојуз на математичари на Македонија…

Прочитај повеќе

Решенија на задачите од Сигма 115

Почитувани читатели на Сигма, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта, како што ветивме, ги објавуваме решенијата на задачите од рубриките:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Сигма“…

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на СИГМА за оваа учебна година

Почитувани читатели на Сигма,

Ве известуваме дека излезе вториот број на списанието Сигма.

Ве потсетуваме дека рокот за испраќање решенија на задачите од овие две рубрики е 20 јануари, 2020. Бидејќи општинските натпревари за учениците од средните училишта ќе се одржат на 25 јануари, 2020, решенијата на задачите од овие две рубрики ќе бидат објавени на smm.org.mk на 21 јануари, 2020.…

Прочитај повеќе

Информации за EGMO

Европската женска математичка олимпијада (EGMO) https://www.egmo.org/  ќе се одржи во периодот од  15.04.2020 до 21.04.2020 година (https://egmo2020.nl/) во Egmond aan Zee, Холандија. За избор на македонската екипа, СММ ќе одржи две квалификациони тестирања на најдобрите натпреварувачки од минатата година на натпреварите по математика за ученички до 18 години.…

Прочитај повеќе

За читателите на СИГМА

Почитувани читатели на Сигма,

Заради технички проблеми со печатницата каде што се печати Сигма, списанието ќе излезе од печат после Нова Година. Уредувачкиот одбор на списанието се извинува за ова доцнење.

Како и во претходниот број на списанието, ве покануваме да праќате свои решенија на задачите од рубриките „Задачи“ и „Задачи од училницата“.…

Прочитај повеќе