Избор и прогласување на државни прваци за основно образование

Почитувани,

во согласност со член 20 од Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основното образование, Комисијата за задачи за натпревари по математика во предметна настава, ја донесе следната одлука:

Државен првак за седмо одделение се прогласува ученикот Никола Стојковски од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродом, Скопје

Во осмо и деветто одделение изборот ќе се направи според резултатите на ЈММО 2022, од оние ученици кои освоиле 100 поени на државниот натпревар.…

Прочитај повеќе

Резултати од првата селекција за IEO

Почитувани,

право на учество на втората селекција имаат следните ученици:

1Јана Срезовска
2Стефан Ѓорѓијевски
3Андреј Гелев
4Стефанија Кузмановска
5Давид Ставров
6Рина Толева
7Стефанија Димовска
8Марко Сандев
9Соња  Галиќ
10Давид Арсовски
11Вања Чижбаноски
12Илина Јовановска
13Деа Денковска
14Марин Ивановски
15Михаела Ѓорѓиевска
16Тамара Бошковска

Подготовките за Економската олимпијада ќе се одржуваат во траење од 4 седмици, почнувајќи од следната недела.…

Прочитај повеќе

Меѓународна економска олимпијада-IEO

Почитувани,

во саботата на 21.05.2022, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа првата селекција за тим кој ќе не претставува на Петтата меѓународна економска олимпијада во периодот 26.07 – 1.08.2022. 

Ќе следуваат подготовки за учесниците пласирани во вториот круг.

Повеќе информации за подготовките ќе бидат споделени во тек на следната седмица.…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2022

Почитувани,

26. Јуниорска македонска математичка олимпијада ќе се одржи на 07.06.2022 година, вторник, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 15 минути.

Натпреварот ќе започне во 10 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе нé претставува на ИМО 2022! (https://www.imo2022.org/)

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Блаже Суклевски
МКД 6 Јасна Илиева

Во прилог е табелата со распределба на поените според подготвениот Правилник од надлежната Комисија.…

Прочитај повеќе

Подготвителна настава за учесниците на ЈММО

Почитувани натпреварувачи,

Сојузот на математичари на Македонија оваа година по прв пат организира бесплатни подготвителни часови за учесниците на 26-тата Јуниорска македонска математичка олимпијада. Подготовките ќе се реализираат со поддршка од Виктор Симјаноски, наш поранешен успешен натпреварувач, кој во целост ги покрива финансиските трошоци за нив. Замислено е подготовките да се реализираат секој ден почнувајќи од 21.05.2022 се до 06.06.2022 и истите ќе траат по 180 минути плус паузи.…

Прочитај повеќе

Селекциони натпревари за ИМО екипа

Почитувани,

заврши изборниот тест за формирање екипа која ќе нé претставува на ИМО 2022 (https://www.imo2022.org).

Во прилог се задачите кои натпреварувачите ги решава во овие два дена:

Во пресрет на прелиминарните резултати од оваа селекција на кандидатите, погледнете ги и решенијата на задачите:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за ЈММО 2022

Почитувани,

во прилог е списокот ученици кои се поканети на 26. Јуниорска македонска математичка олимпијада. Натпреварот ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје. За времето на одржување ќе бидете дополнително информирани во текот на следната недела. Право на учество имаат и сите учесници од државниот натпревар по математика за средно образование, кои освоиле најмалку пофалница, и на денот на одржувањето на ЈБМО 2022, 30 јуни, ќе имаат помалку од 15,5 години (Тие ученици мора да го потврдат своето учество кај Претседателот на комисијата за ЈММО и Меѓународни натпревари за ученици до 15,5 години д-р Делчо Лешковски, на dleskovski@gmail.com).…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од Државниот натпревар за основно образование

Почитувани,

ова се конечните резултати од 47-от Државен натпревар за основно образование:

Државните прваци по одделенија ќе бидат дополнително одредени.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе