За Сојузот на математичари на Македонија

Сојузот на математичари на Македонија (СММ) e научен и стручен Сојуз на лица, математичари од Република Македонија.

Цели на Сојузот се:

  • да ја обезбедува, помага и обединува работата на членовите во врска со популаризација и унапредување на математиката и нејзината примена
  • да ги следи и проучува проблемите од наставата по математика и да дава придонес за усовршување на истата
  • да дава придонес за стручно и методиско усовршување на наставниците по математика од основните и средните училишта, високото образование, како и за стручњаците од стопанството
  • со издавање на научни, стручни, и стручно-методиски публикации да ја збогатува научната и стручната литература по математика
  • да соработува и одржува контакти со сродни сојузи и здруженија во нашата земја и странство
  • да ја следи и поттикнува примената на математиката во останатите науки
  • да врши популаризација на математиката по пат на организирање предавања, семинари, симпозиуми, конгреси и слично
  • да организира натпревари по математика, математички школи и кампови
  • да го следи развојот на математиката
  • да организира тематски собранија за наставните планови и програми, учебници и други прашања во врска со наставата
  • да ги ангажира членовите на Сојузот како соработници во различни иституции и тимови за извршување на одредени задачи на делување во областа со која се бави Сојузот

Ативности на Сојузот се:

– организирање и спроведување натпревари
– подготовка и издавање на математички списанија
– организирање на научни собири
– организирање на математички школи