Излезе првиот број на списанијата НУМЕРУС и СИГМА

Почитувани,

Ве известуваме дека излегоа од печат првите броеви на списанијата НУМEРУС и СИГМА, за оваа учебна година. Во најскоро време ќе бидат испатени по пошта.

Од библиотеката на математика на ПМФ може де се подигнат во понеделник и вторник (13-15 часот), четврток (9-11 часот) и петок (9-14 часот).

Ваш СММ!

Прочитај повеќе

Информација за завршниот тест на ЕМШ2022

Драги ученици,

Ве информираме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2022 ќе се одржи на 03.12.2022 (сабота), со почеток во 10 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците треба да бидат пристигнати во 9.30 часот пред зградата на ПМФ, за да бидат распределени во просториите за полагање на тестот.…

Прочитај повеќе

SEEMOUS- First Announcement

South Eastern European Mathematical Olympiad for University Students with International Participation

SEEMOUS 2023

Struga, North Macedonia, March 7 – 12, 2023

Organizers:

  • Mathematical Society of South Eastern Europe (MASSEE),
  • Union of Mathematicians of Macedonia,
  • Faculty of Natural Sciences and Mathematics,
  • Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

Dear colleagues,

We are pleased to inform you that the Mathematical Society of South Eastern Europe (MASSEE) announces the 17th Mathematical Olympiad for the first and the second year university students – SEEMOUS 2023.…

Прочитај повеќе

Четврти меморијален математички натпревар АБЦ

Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека четвртото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 17-18 декември 2022 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…

Прочитај повеќе

Учениците од ЕМШ2022 го прославија Светскиот ден на детето

Ја прифативме поканата на Комерцијална банка и Фудбалската федерација на Македонија заедно да ја споделиме љубовта кон македонскиот фудбал и да се приклучиме кон прославувањето на Светскиот ден на детето под мотото #ЕденТим и да го насочиме вниманието кон прашањата важни за децата – како што се еднакви можности, квалитетно образование, здрава животна средина и ментално здравје за секое дете.…

Прочитај повеќе

Прво соопштение за Седмиот македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. 

Конгресот ќе се одржи во Хотел Дрим, Струга, во периодот 27 –30 јуни, 2023 година.

Ова е одлична можност за истражувачи од различни области на математиката да дискутираат за напредокот во науката, да споделуваат идеи и да ја промовираат меѓународната соработка.…

Прочитај повеќе

Македонска економска олимпијада-МЕО

Почитувани,

СММ организира Македонска економска олимпијада (во понатамошниот текст МЕО) за учениците од средното образование во Република Северна Македонија.

МЕО е годишна државна олимпијада првенствено наменета за стимулирање и продлабочување на знаењата од економија, финансии, бизнис и примена на математичките модели во економијата, за учениците заинтересирани за овие области.

Повеќе детали во Правилникот за МЕО.…

Прочитај повеќе