Есенска математичка школа

Најнови вести за школите

Есенска математичка школа 2021

Ве известуваме дека Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2021 година, организира Есенска математичка школа 2021 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини. Предавањата ќе се одржуваат во сабота, а наставата ќе се изведува онлјан. По завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Раководител на Школата: проф. д-р Ирена Стојковска

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2021, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2021/.

Есенска математичка школа 2020

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини. Предавањата ќе се одржуваат во сабота, а наставата ќе се изведува онлјан. По завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Раководител на Школата: проф. д-р Ирена Стојковска

Книгите од одржаните предавања на Есенската математичка школа 2020 може да ги нарачате преку формата за нарачка во КНИГИ.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020, ќе најдете на следниот линк:  https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/.

Есенска математичка школа 2019

Во периодот 5. октомври – 1. декември 2019 год., на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Есенската математичка школа 2019 во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. Школата беше наменета за учениците од 4 до 9 одд. од основното образование и учениците од 1 до 4 год. од средното образование. Предавањата беа на: 5, 19, 26 октомври, 2 и 9 ноември 2019 год., а завршниот тест на 1 декември 2019 год. Секој ученик доби сертификат за учество на школата, а учениците кои го положија завршниот тест добија дипломи во зависност од нивните постигнувања.
Раководител на Школата: проф. д-р Ирена Стојковска

Книгите од одржаните предавања на Есенската математичка школа 2019 може да ги нарачате преку формата за нарачка во КНИГИ.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2019/ .