СИГМА

Најнови вести за списанијата

Сигма e математичко списание за учениците од средните училишта. Главен и одговорен уредник е Зоран Штерјов, професор по математика во СОУ „Наум Наумовски – Борче“, Пробиштип. Контакт: zoki_prof@yahoo.com

Драги ученици, професори и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати и продлабочување на љубовта кон математиката. Списанието „Сигма“ ја продолжува долгогодишната традиција на објавување математички содржини наменети за учениците и професорите во средното образование, како и за сите љубители на математиката.

Во списанието се застапени неколку рубрики: Олимписко катче, Меѓународни натпревари, За Вашата математичка секција, Задачи од училницата, Рубрика задачи и Наградни задачи. Во првата рубрика се обработуваат олимписки теми, а втората содржи информации и задачи од меѓународни натпревари по математика. Третата рубрика е наменета и за професорите и за учениците, со избор на теми кои ќе ја збогатат работата на математичките секции во училиштата. Четвртата рубрика содржи задачи, поделени по години, кои ќе им помогнат на учениците да се подготват за општинските и регионалните натпревари по математика, а петтата е традиционалната рубрика со 15 задачи со различна тежина. Рубриката Наградни задачи е наменета за сите љубители на математика. Покрај овие рубрики, застапени се и прилози за математичките олимпијади и математичките натпревари за ученици од средните училишта во нашата држава, како и прилози поврзани со Есенската математичка школа 2024 и со други математички школи во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Особено внимание ќе посветиме на обработка на теми, приоди и методи коишто не се доволно застапени во рамките на постојните наставни програми по математика за средното образование, а кои би биле од интерес за учениците и професорите по математика.

Уредништвото на списанието „Сигма“ ја користи можноста да ве покани да доставувате свои прилози во кои обработувате полезни и интересни содржини за учениците. Исто така ги покануваме учениците да праќаат свои решенија на задачите од „Сигма“. Најдобрите решенија ќе бидат објавувани, а најуспешните решавачи симболично наградени. Ги очекуваме вашите мислења и коментари за содржините во списанието, дали и на кои начини ги користите, бидејќи и од вас зависи дали ќе успееме да ви понудиме списание коешто одговара на вашите потреби. Вашите прилози, решенија и коментари можете да ги испраќате на електронската адреса sigma.spisanie.smm@gmail.com.

Зоран Штерјов
Главен и одговорен уредник на „Сигма“

Упатство за претплата

Цената за порачка на еден печатен примерок е 180 денари, а годишната претплата за 4 броја е 560 денари, за порачки направени до 31.12.2024 год. (за порачки направени после 31.12.2024 год. цената на еден печатен примерок изнесува 240 ден, а комплет од 4 броја 720 ден.). За групна претплата, на секои 10 примероци, единаесеттиот е бесплатен.

Претплатата се уплаќа на: Жиро сметка: 300000001276071, ЕДБ 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД, Сојуз на математичари на Македонија (со назнака за НУМЕРУС).

Нарачките на списанието Сигма се прават со пополнување на податоците наведени во следнава Форма.

Дистрибуција се врши преку Македонска пошта или со директно преземање на примероците од Библиотеката на Институтот по математика на ПМФ во Скопје.

Уредувачки Одбор на „Сигма“

  1. Зоран Штерјов, СОУ „Наум Наумовски – Борче”, Пробиштип – главен и одговорен уредник
  2. д-р Анета Гацовска – Барандовска, Природно-математички Факултет, Скопје –  одговорен уредник
  3. д-р Мирко Петрушевски, Машински Факултет, Скопје – одговорен уредник
  4. м-р Илија Јовчески, Природно-математички Факултет, Скопје – одговорен уредник
  5. Слаѓан Станковиќ, ОСТУ „Наце Буѓони”, Куманово – одговорен уредник
  6. Петар Филиповски, ООУ „Кузман Јосифовски-Питу”, Скопје – уредник
  7. д-р Ристо Атанасов, „Western Carolina University”, USA – уредник
  8. м-р Erblina Zeqiri, Природно-математички Факултет, Скопје – уредник
  9. Раде Кренков, СОУУД „Димитар Влахов”, Струмица – уредник
  10. д-р Јасмина Маркоска, СУГС „Георги Димитров”, Скопје – уредник
  11. Сашка Младеновска, СОУ „Ѓорче Петров”, Крива Паланка – уредник
  12. м-р Сијче Печкова, Технолошко – металуршки факултет, Скопје – уредник
  13. д-р Катерина Хаџи – Велкова Санева, Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Скопје – уредник
  14. Лидија Филиповска, СУГС „Јосип Броз Тито”, Скопје – уредник

М-р Милена Мицковска, Природно-математички Факултет, Скопје, – технички уредник