Промоција на Есенската математичка школа 2020 на МРТ1

На 21. октомври 2020 година, Раководителот на Есенската математичка школа 2020, гостуваше на утринската програма „Македонија наутро“ на националната телевизија МРТ1. Во продолжение може да ја погледнете снимката од гостувањето.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/. …

Прочитај повеќе

БМО 2020

Почитувани,
Би сакале да ви ја претставиме екипата што ќе не претставува виртуелно на Балканската Математичка Олимпијада во Романија.

натпреварувач
Лука ГрашкоскиMKD1
Дамјан ДавковMKD2
Бојан ДимовскиMKD3
Кристина ТасеваMKD4
Алек ЈармовMKD5
Никола СпировскиMKD6

На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех. Водач на екипата ќе биде Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.…

Прочитај повеќе

Отварање на Есенската математичка школа 2020

Есенската математичка школа 2020 е настан кој сметано од минатата година се одржува по втор пат, но по прв пат на овој начин – со онјалн настава, од безбедноста на сопствените домови. Онлајн наставата во никој случај не може да биде замена за наставата со физичко присуство, но било во училница или пред комјутер, кога ќе почнете да решавате математички задачи, влегувате во волшебниот свет на математиката, се изолирате од околината и тогаш не е ни важно дали сте во училницата или пред комјутерот.…

Прочитај повеќе

Известување за отварање на ЕМШ2020 и пристап до порталот за е-учење

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека секој ученик – учесник на Есенската математичка школа 2020, денес 14.10.2020 година на својата електронска адреса има добиено две пораки, едната со упатство за пристап до порталот за е-учење (пратена од систем администраторот Ристо Чавдаров) и другата со лозинка за пристап до порталот за е-учење (генерирана порака од е-курсеви на ФЕИТ).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2020

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека ги прифативме сите пристигнати пријави за учество на Есенската математичка школа 2020 година. Учениците од 4, 5, 6, 8 и 9 одделение се поделени во две групи А и Б, учениците од 7 одделение се поделени во три групи А, Б и В, а за учениците од I, II и III и IV година има по една група.…

Прочитај повеќе

Нови броеви на списанијата Нумерус и Сигма

Почитувани,

и оваа година СММ ги подготвува списанијата НУМЕРУС и СИГМА. Како и претходно, тие ќе изобилуваат со содржини од наставата по математика, популарни содржини од примена на математиката и задачи за натпревари. 

Оваа година нарачките може да ги направите со пополнување на податоците наведени во следнава форма.

За сите дополнителни информации обратете се на sojuz.na.matematicari@gmail.com.…

Прочитај повеќе