Почитувани,
на 12. издание на овој престижен меѓународен натпревар, што се одржа во периодот 9-17 Декември 2023, учествуваа 36 држави во сениорска конкуренција и 32 држави во јуниорска конкуренција. Македонија зеде учество во обете категории.
Нашите сениори остварија одличен резултат: екипно го освоија 8. место, а поединечно освоија две први награди (Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков), една втора награда (Јан Стојановски) и две трети награди (Бранко Јангеловски и Никола Цветаноски). Нашиот натпреварувач Алексиј Тасиќ е еден од само петмината освојувачи на медал – тој успеа да се закити со бронзениот медал.
И нашите јуниори имаа успешен настап: екипно го освоија 18. место, а поединечно освоија две трети награди (Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ).
Конечните резултати можете да ги погледнете тука:
Официјалната веб страна на Европскиот математички куп каде се објавени конечните резултати е:
https://emc.mnm.hr/latest-news/.
Задачите од натпреварот можете да ги погледнете на:
https://emc.mnm.hr/competition/problems/
Успехот е надополнет и со тоа што автор на една од четирите задачи на натпреварот во категоријата сениори, имено третата задача, е Македонецот Виктор Симјаноски, поранешен македонски репрезентативец и освојувач на два бронзени медала на ИМО.
Во продолжение ги објавуваме подготвителните тестови за натпреварот.
Категорија Сениори
- Тест 1: задачи и решенија
- Тест 2: задачи и решенија
- Тест 3: задачи и решенија
- Тест 4: задачи и решенија
- Тест 5: задачи и решенија
Категорија Јуниори
- Тест 1: задачи и решенија
- Тест 2: задачи и решенија
- Тест 3: задачи и решенија
- Тест 4: задачи и решенија
- Тест 5: задачи и решенија
Веруваме дека ваквиот сериозен пристап на СММ придонесе за успешниот настап и остварените резултати. Срдечни честитки до сите македонски натпреварувачи!
Ваш СММ!