СММ успешно ја организира ЈБМО 2025

Во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, Република C. Македонија, се одржа 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2025).

Вреди да се истакне дека ЈБМО 2025 е еден од најзначајните меѓународни настани што се одржуваат во Македонија оваа година. Дополнително, за првпат во 29-годишната историја на ова натпреварување – најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години – учествуваа 135 натпреварувачи од 23 држави од Европа и Азија.…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈБМО 2025

Почитувани,

Со особено задоволство ве информираме за одличниот успех на двата македонски тимови на 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО), која се одржа во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга.

Првиот тим освои два сребрени и три бронзени медали, додека вториот тим се закити со три бронзени медали.…

Прочитај повеќе

Дополнително тестирање за избор на државни праваци

Почитувани

на 10.6.2025 година се одржа  дополнително тестирање за избор на државни праваци

за 9 одделение од основното образование и 1 и 3 година од средното образование.

 Според постигнатите резултати, за првак во деветто одделение се прогласува
ученикот:
Дијар Адеми – ПСУ Јахја Кемал – Елементари, Карпош, Скопје.

Заради непојавување на противкандидатите, службено, за прваци во соодветните години се прогласуваат учениците:
– Андреј Тасиќ – ПСУ Јахја Кемал – Скопје, првак за прва година
и
– Марко Митевски – ДСУ Математичко – информатичка гимназија – Скопје,
првак за трета година.…

Прочитај повеќе

Повторен тест за избор на државен првак

Почитувани,

по барање на Министерството за образование и наука (МОН), а врз база на приговор упатен по однос на дополнителното тестирање со кое е извршен избор на државен првак во деветто одделение, прва и трета година, СММ на 10.06.2025 година, вторник, со почеток од 10 часот ги повикува учениците кои на државниот натпревар во овие категории освоија најмногу поени, на ново дополнително тестирање за избор на државен првак.…

Прочитај повеќе

Избор на екипи за ЈБМО 2025

Почитувани

на 2 јуни 2025 година, во просториите на ПМФ се одржа Тест за избор на екипи за Јуниорската Балканска Математичка Олимпијада (ЈБМО) 2025. 

Во прилог се решенијата на задачите со маркинг шема. 

Според збирните резултати од ЈММО 2025 и изборниот тест за ЈБМО 2025, македонските екипи на ЈБМО 2025 ги сочинуваат следниве ученици:

ПРВА ЕКИПА:

  • MKД 1 ДИЈАР АДЕМИ
  • MKД 2 АНА МИТЕВСКА
  • МКД 3 ВАЛЕНТИНО АТАНАСОВСКИ
  • МКД 4 НИКОЛА ЗОРЕСКИ
  • МКД 5 ВЛАДИМИР ГРЧЕВ
  • МКД 6 РИНА ИДРИЗИ

ВТОРА ЕКИПА:

  • MKД Б 1 ФИЛИП ХАЏИ-ВЕЛКОВ
  • MKД Б 2 ЕНА РАХИЌ
  • МКД Б 3 АНА МИТРОВСКА
  • МКД Б 4 ДЕА ИВАНОВСКА
  • МКД Б 5 КАЛИНА ГРАШКОСКА
  • МКД Б 6 КАЛИНА ТОРТЕВСКА

На учениците им посакуваме успешен настап на претстојната олимпијада.…

Прочитај повеќе

Државни прваци за основно образование

Почитувани,

Прваци по одделенија за основно образование, за учебната 2024/2025 година се следните ученици:

  • шесто одделение – Марко Томоски ученик во ООУ „Григор Прличев“ Охрид,
  • седмо одделение  – Андреа Јовановска ученичка во ООУ „Петар Поп Арсов“, Карпош, Скопје,
  • осмо одделение   –  Зоран Илијоски ученик во ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево, 
  • деветто  одделение  – Дијар Адеми ученик во ПСУ Јахја Кемал – Елементари, Карпош, Скопје.
Прочитај повеќе

Конечни резултати ЈММО 2025

Почитувани,


во прилог се конечните резултати од 29. Јуниорска македонска математичка олимпијада.

Честитки до сите учесници за прикажаните знаења. 

Тестот за избор на македонските екипи за ЈБМО 2025 ќе се одржи на 2. јуни (понеделник) во просториите на Природно-математичкиот факултет (горна зграда). На него се поканети најдоброрангираните 18 ученици (ранг 1-17).…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈММО 2025

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа XXIX Јуниорска Македонска математичка олимпијада за учениците до 15.5 години. Во прилог се задачите и решенијата со распределба на поени.

Ви пренесуваме и дел од амбиентот:

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Петта меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 28-30 ноември 2025 година, ПМФ, Скопје

Почитувани колеги,

По петти пат, СММ и ДФРМ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, која ќе се одржи во просториите на ПМФ – Скопје, во периодот 28 – 30.11.2025.

ПОСВЕТЕНА НА ПРОФ. Д-Р НАУМ ЦЕЛАКОСКИ

Организатори                  
Сојуз на математичари на Македонија (СММ)

Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)

Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св.…

Прочитај повеќе

Резултати од селекцијата и изборот на тим за ИЕО 2025 

Почитувани, 

во изминатиот месец се одржаа првата селекција, а потоа и Македонската економска олимпијада 25 и дополнително тестирање за избор на тимот кој ќе ја претставува Македонија на Осмата Меѓународна Економска Олимпијада, во Баку Азербејџан, во периодот од 20 – 29.07.2025 година

По првичната селекција, на 29.04.2025 се одржа МЕО 25, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.…

Прочитај повеќе