Во текот на месец ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет по четврти пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Беа презенитари вкупно 43 проекти, а најуспешните беа и наградени.…
Прочитај повеќеLatest Posts
Програма за третиот ден од манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019
Програмата за третиот ден, 30 ноември 2019 година, од манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019, може да ја најдете на следниот линк.
Повеќе информации за манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019 може да најдете во Научни собири | Манифестации.…
Прочитај повеќеПолагање на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019
Почитувани ученици,
Како што беше претходно најавено, на 1 декември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде полагањето на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019.
Полагањето на завршниот тест за учениците од 4 одд. до 2 год. ќе започне во 10 часот и ќе трае 2 часа. Потребно е учениците да дојдат 15-30 минути порано, да се најдат на објавените списоци во која просторија се распределени, и да се упатат пред просторијата.…
Прочитај повеќеПрограма за вториот ден од манифестацијата „Ноември – Месецот на науката“ 2019
Програмата за вториот ден, 23 ноември 2019 година, од манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019, може да ја најдете на следниот линк.
Повеќе информации за манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019 може да најдете во Научни собири | Манифестации.…
Прочитај повеќеVII Македонски математички конгрес
Почитувани колеги,
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Следната 2020 година, одбележуваме двоен јубилеј – 70 години од основањето на Сојузот на математичари на Македонија и 70 години од постоењето на списанието Математички Билтен. Конгресот ќе се одржи во хотел Дрим во Струга, од 16 до 20 септември 2020 година.…
Прочитај повеќеРезултати од Првиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“
Сите информации околу натпреварот може да ги добиете од Претседателот на комисијата, Д-р Мирко Петрушевски на mirko.petrushevski@gmail.com
ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР „АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ-ЦАНЕ“
Во знак на почит кон нашиот прерано починат колега Александар Блажевски, денеска (17.11.2019) во математичкиот амфитеатар при ПМФ-Скопје се одржа Првиот Меморијален Математички Натпревар „Александар Блажевски – Цане“. Учество на натпреварот зедоа најдобрите 24 млади македонски натпреварувачи, оние кои се покажаа како најуспешни во минатогодишниот циклус на натпревари организирани од СММ.…
Прочитај повеќеИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани ученици,
Решенијата на задачите од математичките списанија НУМЕРУС и СИГМА може да ги испраќате до редакциите заклучно со 5.12.2019 година (четврток).
Главните и одговорни уредници Д-р Слаѓана Јакимовиќ и Д-р Ристо Атанасов, Ви посакуваат успешна работа!…
Прочитај повеќеПрограма за првиот ден од „Ноември – Месецот на науката“ 2019
Програмата за првиот ден, 16 ноември 2019 година, од манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019, може да ја најдете на следниот линк.
Повеќе информации за манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019 може да најдете во Научни собири | Манифестации.…
Прочитај повеќеИзлезе новиот број на НУМЕРУС за оваа учебна година
Почитувани читатели,
Излезе од печат новиот број на списанието НУМЕРУС за оваа учебна година.
Се надеваме дека одговоривме на сите ваши барања и веруваме дека нашата соработка ќе продолжи. Еве неколку страници од списанието преку кои ве информираме и за содржините кои ги подготвивме во овој број. Ја очекуваме вашата соработка!…
Прочитај повеќе