Прво учество на нашата екипа на СМО 2021

Почитувани,

нашата екипа за прв пат учествуваше на СМО (Српската математичка олимпијада) која се одржа во вторник и среда, на 11. и 12.05.2021 година во просториите на Математичката гимназија во Белград.

Освен нашата екипа, гостински екипи на овој натпревар беа и екипа од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Постигнати се следните резултати:

  • Блаже Суклевски – бронзен медал
  • Лука Грашкоски – бронзен медал
  • Дамјан Давков – пофалница
  • Никола Спировски – пофалница

Подетално за резултатите овде, а за организаторот овде.

Се надеваме дека овие резултати ќе бидат силна мотивација за идните меѓународни натпревари.

СММ ви го честита овoј огромен успех!