Управниот одбор (УО) на својот прв состанок, одржан на 19.08.2019 година, избра претседатели на комисиите за натпревари на учениците од основното и средното образование и избра главни и одговорни уредници на списанијата: Математички билтен, Сигма и Нумерус. На тој состанок беа избрани потпретседател, благајник и секретар на СММ. Избрана е и комисија која ќе се грижи за организирање и реализирање на математички школи, кампови и обуки за учениците и наставниците.…
Прочитај повеќеLatest Posts
Нова интернет страница на СММ
Добредојдовте на новата интернет страница на Сојузот на математичари на Македонија. Тука можете да ги најдете најновите информации поврзани со работата на сојузот, натпреварите по математика и слично.
Старата интернет страница може да се најде тука: http://old.smm.org.mk. Таа е привремено активна за да се зачува историјата на Сојузот на математичарите на Македонија.…
Прочитај повеќеИМО 2019
ИМО-Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижниот математички натпревар во светски рамки.
Сите податоци околу резултатите, освоените медали, задачите и решенијата на досегашните олимпијади може да ги најдете овде.
Во тек е 60-тата ИМО која се одржува во Велика Британија. Во исчекување на резултатите, сите дополнителни информации се овде.…
Прочитај повеќеСММ има ново раководство
На 2.07.2019 година во просториите на Машинскиот факултет во Скопје беше избрано новото раководство на Сојузот на математичарите на Македонија. Следните четири години со СММ ќе раководи д-р Ѓорѓи Маркоски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Членови на Управниот одбор(УО), по азбучен ред се:
- Д-р Делчо Лешковски, доцент на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје
- Д-р Мирко Петрушевски, доцент на Машинскиот факултет во Скопје
- Д-р Петар Соколоски, доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје
- Слаѓан Станковиќ, професор по математика во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово
- Д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, редовен професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје
- Д-р Никита Шекутковски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје
Членови на Надзорниот одбор (НО), по азбучен ред се:
- Трајче Ѓорѓијевски советник по математика во Бирото за развој на образованието
- Бојан Јовески инженер по компјутерски науки
- Д-р Мартин Лукаревски, вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип