Изборен тест за ИМО 2021

Почитувани,

изборниот тест за македонската екипа на ИМО 2021 ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје во двата дена од претстоечкиот викенд: сабота 29.05 и недела 30.05.

Секој ден натпреварот ќе започнува во 10 часот и 30 минути.

Учесниците треба да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 45 минути.

При реализација на настанот потсетуваме на мерките за заштита објавени во  протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство на лица во факултетската зграда.

Ваш СММ