Најава за Есенска математичка школа 2019 и пријавување учество

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, организира Есенска математичка школа 2019 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Предавањата ќе се одржуваат во сабота, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а по завршување на школата ќе има завршен тест.…

Прочитај повеќе

Комисијата за школи и кампови започна со планирање на своите активности

Комисијата за школи и кампови, формирана на состанокот на Управниот одбор одржан на 19.08.2019 година, во состав: проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Петар Соколоски, м-р Јасмина Маркоска, доц. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, започна со планирање на активностите за наредната учебна 2019/2020 година.

Планирани се неколку модели на математички школи и кампови за учениците од основно и средно образование за време на учебната година, а може и за време на распустите.…

Прочитај повеќе