Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2020

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека ги прифативме сите пристигнати пријави за учество на Есенската математичка школа 2020 година. Учениците од 4, 5, 6, 8 и 9 одделение се поделени во две групи А и Б, учениците од 7 одделение се поделени во три групи А, Б и В, а за учениците од I, II и III и IV година има по една група. Предавањата за групата А почнуваат во 9.45 часот и траат до 12.00 часот, а предавањата за групите Б и В почнуваат во 12.30 часот и траат до 14.45 часот. Поделбата во групи е направена според редоследот на пријавување. Поделбата на учениците во групи може да ја видите на следниот линк.

Важни датуми во наредниот период се следните:

09.10.2020 – краен рок за уплата на котизација за учество на Есенската математичка школа 2020
10.10.2020 – краен рок за праќање копија од уплатницата на ems2020smm@gmail.com
13-14.10.2020 – добивање упатство за користење на порталот за е-учење на ФЕИТ и лозинки за пристап на порталот (ќе бидат пратени на мејловите на учениците кои сте ги внеле во пријавата за учество)
15.10.2020 во 20.00 часот – отварање на Есенската математичка школа 2020 (линк за отварањето ќе има на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2020“)
17.10.2020 – прв ден со предавања на Есенската математичка школа 2020 со почеток во 9.45 или 12.30 часот во зависност од групата (линковите за предавањата ќе бидат ставени на порталот за е-учење на ФЕИТ во курсот „Есенска математичка школа 2020“)

Доколку имате дополнителни прашања кои не се опфатени со овие информации, пратете ги на ems2020smm@gmail.com.

Ова соопштение е пратено и на електронските адреси на учениците. Учениците да проверат дали го добиле. Ако не го добиле, да го пријават тоа на ems2020smm@gmail.com. Пријавувањето да го направат најдоцна до 10.10.2020 од својата електронска адреса, од истата со која ќе се најавуваат на електронската платформа за е-учење.

Ја користиме приликата да им се заблагодариме на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје за непосредната помош во организацијата на онлајн наставата на Есенската математичка школа 2020, благодарност за поддршка и до  Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/.

До скоро гледање!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на Есенската математичка школа 2020