Најава за Есенска математичка школа 2020 и пријавување учество

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Предавањата ќе се одржуваат во сабота, а наставата ќе се изведува онлјан. По завршување на школата ќе има завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/.

Сојузот на математичари на Македонија одлучи првите тројца најдобро пласирани ученици во својата група на државните натпревари по математика за основно и средно обрзование 2020 да ги награди со учество на Есенската математичка школа 2020. За да ја прифатат учениците оваа награда треба само да се пријават за учество со пополнување на формата за учество која се наоѓа на страницата на Есенската математичка школа 2020. Наградени со учество на Есенската математичка школа 2020 се учениците:

  1. Ивано Божиновски VI одд. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје
  2. Дијана Зиковска VI одд. ООУ „Александар Македонски“ – Скопје
  3. Петар Антиќ VI одд. ООУ „Љубен Лапе“ – Скопје
  4. Нина Ламева VII одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје
  5. Марија Георгиевска VII одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци
  6. Марко Серафимовски VII одд. ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје
  7. Алексиј Тасиќ VIII одд. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје
  8. Сара Тошевска VIII одд. ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје
  9. Нела Ивановиќ VIII одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Куманово
  10. Дрин Салиу IX одд. ООУ „Братство“ – Скопје
  11. Никола Спировски IX одд. ООУ „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје
  12. Никола Цветаноски IX одд. ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје
  13. Дамјан Давков VII одд. ООУ „Ванчи Прке“ – Штип
  14. Мајкл Георгиевски I год. СОУ Гим. „Добри Даскалов“ – Кавадарци
  15. Филип Бојаџиевски I год. СУГСГ „Орце Николов“ – Скопје
  16. Јосиф Тренчовски II год. СУГСГ „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје
  17. Бојан Димовски II год. ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес
  18. Блаже Суклевски II год. ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  19. Лука Грашкоски III год. Меѓународни учелишта НОВА – Скопје
  20. Филип Милисов III год. ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  21. Пеце Георгиев III год. СОУ Гим. „Јосип Броз Тито“ – Битола

А на натпреварувачите од IV година им посакуваме успех на колоквиумите и испитите кои ги чекаат есенва, без разлика на кој факултет ќе го продолжат своето образование, и најдобро што можат нека го оправдаат епитетот – натпреварувач по математика.

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2020