Олимписка школа Александар Блажевски-Цане

Почитувани, 
со почетокот на второто полугодие, во огранизација на СММ, отпочнува со работа Олимписката Школа АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ – ЦАНЕ

Школата е во насока на континуирана подготовка на нашите најдобри натпреварувачи за поуспешни учества на меѓународни натпревари. Веруваме дека овој проект ќе придонесе за подигнување на нивото на македонските олимписки репрезентации. 
Поканети слушатели се сите учесници на ЈММО или ММО од минатата учебна година. Предавањата ќе се одржуваат онлајн, на платформата Microsoft Teams.

Учеството е бесплатно!

Школата е планирано да отпочне со работа викендот 23-24. јануари.

Секој од заинтересираните поканети ученици потребно е да испрати своја teams адреса на mirko.petrushevski@gmail.com најдоцна до 20.01.2021.

Ваш СММ!