Отварање на Есенската математичка школа 2020

Есенската математичка школа 2020 е настан кој сметано од минатата година се одржува по втор пат, но по прв пат на овој начин – со онјалн настава, од безбедноста на сопствените домови. Онлајн наставата во никој случај не може да биде замена за наставата со физичко присуство, но било во училница или пред комјутер, кога ќе почнете да решавате математички задачи, влегувате во волшебниот свет на математиката, се изолирате од околината и тогаш не е ни важно дали сте во училницата или пред комјутерот.

Отварањето на ЕМШ2020 на 15.10.2020 во 20 часот се реализираше преку платфомата за е-учење на ФЕИТ, преку која учениците ќе ја следат наставата на школата почнувајќи од оваа сабота 17.10.2020. На отварањето зборуваа: проф. д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, овогодинешните домаќини на школата, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседателот на СММ, во чија организација е школата и проф. д-р Ирена Стојковска, раководител на школата. Потоа учениците се упатија во своите е-училници да се запознаат со своите професори.

Учениците кои до сега не успеале да се пријават на порталот за е-учење или од оправдани причини не можеле да присуствуваат на отварањето, им препорачуваме во текот на денешниот ден 16.10.2020 да се обидат да пристапат на порталот согласно упатствата кои ги имаат добиено, за да ги намалиме шансите за технички проблеми на самиот ден кога ќе почне наставата на школата.

Една од повеќето страници со присутни учесници на отварањето на ЕМШ2020.

На учениците и професорите им посакуваме успешна Есенска математичка школа 2020!

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/.