Најава за Есенска математичка школа 2020 и пријавување учество

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.…

Прочитај повеќе

Математички кружоци за учениците од основните училишта во општина Гази Баба

Со задоволство објавуваме дека Сојузот на математичари на Македонија доби поддршка од општина Гази Баба за реализирање на проектот „Математика за сите – математички кружоци за ученици од основните училишта“. Во тек е реализацијата на првата фаза од Проектот и обуките за 24 наставници по математика од основните училишта во општина Гази Баба за одржување настава во математички кружоци.…

Прочитај повеќе

Книги од предавањата на Есенската математичка школа 2019

Ве известуваме дека подготвивме две книги од одржаните предавања на Есенската математичка школа 2019:

1. Есенска математичка школа 2019. Предавања за учениците од IV до VII одделение

Автори: Слаѓана Јакимовиќ, Ирена Стојковска, Весна Целакоска-Јорданова, Соња Геговска-Зајкова

Година на издавање: 2020

Број на страници: 194

Цена на еден примерок: 220,00 ден.

Содржина и предговор

2.

Прочитај повеќе

„Математика, учење и другарување“ – приказната за Есенската математичка школа 2019

Во периодот 5. октомври – 1. декември 2019 год., на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Есенската математичка школа 2019 во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. Школата беше наменета за учениците од 4 до 9 одд. од основното образование и учениците од 1 до 4 год. од средното образование.…

Прочитај повеќе

Доделување дипломи за завршена Есенска математичка школа 2019

Во сабота, 14 декември 2019 година, со почеток во 12.30 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде доделувањето на дипломите за завршена Есенска математичка школа 2019. Учениците кои го полагаа завршниот тест се веќе информирани за резултатите од тестот.

На сите ученици им ги честитаме постигнатите резултати! Учениците кои не ја завршија школата им посакуваме подобри постигнувања следниот пат.…

Прочитај повеќе

Полагање на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019

Почитувани ученици,

Како што беше претходно најавено, на 1 декември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде полагањето на завршниот тест на Есенската математичка школа 2019.

Полагањето на завршниот тест за учениците од 4 одд. до 2 год. ќе започне во 10 часот и ќе трае 2 часа. Потребно е учениците да дојдат 15-30 минути порано, да се најдат на објавените списоци во која просторија се распределени, и да се упатат пред просторијата.…

Прочитај повеќе

Програма на Есенската математичка школа 2019 за 19 и 26 октомври и 2 и 9 ноември 2019

Драги ученици,

Програмата на Есенската математичка школа 2019 за следните денови, 19 и 26 октомври и 2 и 9 ноември 2019 година, може да ја симнете од тука.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.

Ве очекуваме подготвени да продолжиме да работиме математика и да другаруваме!…

Прочитај повеќе

Програма на Есенската математичка школа 2019 за 5 октомври 2019

Драги ученици,

Програмата на Есенската математичка школа 2019 за првиот ден 5 октомври 2019 година, термините за регистрација, отварањето, распределбата по простории, потребниот нестандарден прибор за работа и правилата на однесување, може да ги симнете од тука.

Обновениот список на учесници на Есенската математичка школа 2019 може да го најдете на следниот линк.…

Прочитај повеќе

Информација за пријавените учесници на Есенската математичка школа 2019

Со задоволство ве известуваме дека Раководството на Есенската математичка школа 2019 ги прифати сите уредно поднесени пријави за учество на Школата.

Списокот со учесници на Есенската математичка школа 2019 може да го симнете од тука.

Ги замолуваме сите пријавени за учество на Есенската математичка школа 2019 да го запазат рокот за уплата на котизацијата за учество (27 септември 2019 година), за да со време може да бидат испланирани активностите кои следат.…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2019 и термини на предавањата

Во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, Сојузот на математичари на Македонија организира Есенска математичка школа 2019 за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Темите на Школата и термините на предавањата се дадени подолу, а повеќе информации за Школата, денови и место на одржување на предавањата, начинот на пријавување на истата, ќе најдете во Школи.…

Прочитај повеќе