Излезе вториот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на Школата за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Задачите кои се работат на Школата за млади математичари ги објавуваме во електронско списание „Диофант“ кое излегува повремено и по потреба и е со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Излезе првиот број на е-списанието „Диофант“

Драги ученици и наставници,

Во учебната 2023/2024 година, Сојузот на математичари на Македoнија започна со реализација на нова активност – Школа за млади математичари, во соработка со Математичкиот клуб „Диофант“ од Ваљево, Србија. Во план е задачите кои се работат на Школата за млади математичари да се објавуваат во електронско списание „Диофант“ кое ќе излегува повремено и по потреба и ќе биде со слободен пристап.…

Прочитај повеќе

Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2023 ќе се одржи на закажаниот термин, 2 декември 2023 година, сабота, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…

Прочитај повеќе

Информација за формирање на е-училниците за настава на Школата за млади математичари 2023/2024

Драги ученици,

Ве информираме дека е-училниците (Google Classroom) за следење на наставата на Школата за млади математичари 2023/2024 се формирани и учениците се додадени во училниците. На пријавените ученици на школата им се пратени известувања по мејл со линк за пристап кон Google училниците.

Пробното вклучување е закажано за среда, 29.11.2023 со почеток во 19.00 часот, освен за учениците од 9 одделение за кои пробното вклучување ќе биде истиот ден со почеток во 19.30 часот.…

Прочитај повеќе

Продолжување на рокот за пријавување за Школата за млади математичари 2023/2024

Драги ученици,

Рокот за пријавување учество на Школата за млади математичари 2023/2024 е продолжен до 26.11.2023 година.

По завршување на рокот за пријавување, на платформата за е-учење ќе бидат формирани групите за следење на наставата, по што, во текот на следната недела, ќе биде и организирано пробно вклучување на платформата. Со настава почнуваме на 4 декември 2023 година.…

Прочитај повеќе

Информација за наставата на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Ве потсетуваме дека од оваа сабота, 28.10.2023 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа и следните три саботи, заклучно до 18.11.2023 година, часовите ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.

Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 14.10.2023.…

Прочитај повеќе

Известување за првиот ден на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

Во сабота на 14.10.2023 година започнува Есенската математичка школа 2023 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.15 до 9.00 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација на Google Maps). Од 9.00 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2023

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2023 пријавија учество следните ученици:

Список на пријавени ученици на Есенската математичка школа 2023

Во текот на следната недела, а најдоцна на 12.10.2023, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отвoрање на школата и распоред на учениците по простории).

Сите информации се објавуваат на страницата на школата
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2023/

Ве очекуваме на математичка дружба!…

Прочитај повеќе

Школа за млади математичари 2023/2024

Драги ученици, наставници и родители,

Комисијата за школи и кампови при Сојузот на математичари на Македонија, одлучи да го зголеми опсегот на активности со уште една активност – Школа за млади математичари.

Школата за млади математичари е замислена да биде продолжение на Есенската математичка школа, со што на учениците ќе им понудиме континурана работа во текот на целата учебна година.…

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2023 и наградни учества

Драги ученици,

Темите на Есенската математичка школа 2023 наменета на ученици од 4 одделение до 9 одделение и ученици од I година до IV година, која ќе се реализира во месеците октомври и ноември 2023 на Природно- математичкиот факултет во Скопје се следните:

  • 4 одд.
    Броеви, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
    Програма: Собирање и одземање на природни броеви, дешифрирање на равенства.
Прочитај повеќе