Известување за отварање на ЕМШ2020 и пристап до порталот за е-учење

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека секој ученик – учесник на Есенската математичка школа 2020, денес 14.10.2020 година на својата електронска адреса има добиено две пораки, едната со упатство за пристап до порталот за е-учење (пратена од систем администраторот Ристо Чавдаров) и другата со лозинка за пристап до порталот за е-учење (генерирана порака од е-курсеви на ФЕИТ).
 
Доколку не сте ги добиле пораките со упатството и лозинката пратени на електронските адреси на учениците, или имате потешкотии при најавувањето на порталот, ве замолувам да ги исконтактирате истовремено:
– Марко Димовски ems2020smm@gmail.com
– Ристо Чавдаров christo@feit.ukim.edu.mk
за да во текот на денешниот и утрешниот ден го отстраниме проблемот.

Ве потсетувам дека утре, четврток, 15.10.2020 година во 20 часот е закажано отварањето на Есенската математичка школа 2020. Кон таа виртуелна средба ќе може да пристапите од порталот за е-учење на кој претходно ќе треба да се регистрирате според упатството кое ви е пратено, но и да ја имате веќе инсталирано Zoom апликацијата за видео конференции. По завршување на отварањето, учениците ќе треба да се одјават од виртуелната средба за отварањето и во 20.15 часот да се приклучат на вируелните средби закажани во нивното одделение / година. Целта на утрешното приклучување е да ги минимизираме проблемите на приклучување кои може да се случат на првиот ден со предавања во сабота и професорите да ги запознаат учениците со начинот на работа на школата.   

Изглед на екранот и линкот за Отварање на Есенската математичка школа 2020 на 15.10.2020 во 20 часот, која се наоѓа во курсот ЕМШ2020:

Изглед на екранот и линкот за виртуелната средба истиот ден 15.10.2020 во 20.15 часот, на пример за 4 одделение која се наоѓа во курсот ЕМШ2020 – 4 одд:

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/.

До гледање до утре.

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2020