Голем интерес за Олимписката школа-Александар Блажевски-Цане

Почитувани,

поради зголемен интерес, СММ одлучи да го прошири списокот на поканети за Олимписката Школа АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ – ЦАНЕ.

Листата на поканети ученици е следната, а секој од нив треба да го потврди своето учество.

Рокот за пријавување е продолжен до 18 часот во петок, 22. 01.2021 година. 

Повеќе информации за Школата можете да добиете на следниот линк.…

Прочитај повеќе

Олимписка школа Александар Блажевски-Цане

Почитувани, 
со почетокот на второто полугодие, во огранизација на СММ, отпочнува со работа Олимписката Школа АЛЕКСАНДАР БЛАЖЕВСКИ – ЦАНЕ

Школата е во насока на континуирана подготовка на нашите најдобри натпреварувачи за поуспешни учества на меѓународни натпревари. Веруваме дека овој проект ќе придонесе за подигнување на нивото на македонските олимписки репрезентации. 
Поканети слушатели се сите учесници на ЈММО или ММО од минатата учебна година.…

Прочитај повеќе

Затворање на Есенската математичка школа 2020

По два прекрасни месеци заедничко другарување со математиката, дојде време да ја затвориме Есенската математичка школа 2020.

На сите ученици им го честитаме учеството на школата, а на учениците кои го решаваа завршниот тест им го честитаме постигнатиот успех на тестот.

Воедно ви посакуваме среќни новогодишни празници и нека новата 2021 година биде подобра од годинава на заминување.…

Прочитај повеќе

Завршија предавањата на Есенската математичка школа 2020

На 5 декември 2020 година се одржа последниот ден со предавања на Есенската математичка школа 2020 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Во текот на седум саботи, над 200 ученици од основните и средните училишта ги следеа предавањата преку платформата за е-учење на ФЕИТ, решаваа задачи, пишуваа домашни работи – работеа математика.…

Прочитај повеќе

Информација за книгите со предавања од Есенската математичка школа 2019

Почитувани,

Ве информираме дека книгите со предавањата од Есенската математичка школа 2019 излегоа од печат. Книгите може да ги нарачате со пополнување на следната форма.

Повеќе информации за содржината на книгите и цената може да најдете на следниот линк.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2019 ќе најдете во Школи.…

Прочитај повеќе

Промоција на Есенската математичка школа 2020 на МРТ1

На 21. октомври 2020 година, Раководителот на Есенската математичка школа 2020, гостуваше на утринската програма „Македонија наутро“ на националната телевизија МРТ1. Во продолжение може да ја погледнете снимката од гостувањето.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2020 ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2020/. …

Прочитај повеќе

Отварање на Есенската математичка школа 2020

Есенската математичка школа 2020 е настан кој сметано од минатата година се одржува по втор пат, но по прв пат на овој начин – со онјалн настава, од безбедноста на сопствените домови. Онлајн наставата во никој случај не може да биде замена за наставата со физичко присуство, но било во училница или пред комјутер, кога ќе почнете да решавате математички задачи, влегувате во волшебниот свет на математиката, се изолирате од околината и тогаш не е ни важно дали сте во училницата или пред комјутерот.…

Прочитај повеќе

Известување за отварање на ЕМШ2020 и пристап до порталот за е-учење

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека секој ученик – учесник на Есенската математичка школа 2020, денес 14.10.2020 година на својата електронска адреса има добиено две пораки, едната со упатство за пристап до порталот за е-учење (пратена од систем администраторот Ристо Чавдаров) и другата со лозинка за пристап до порталот за е-учење (генерирана порака од е-курсеви на ФЕИТ).…

Прочитај повеќе

Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2020

Драги ученици, почитувани родители,

Ве известуваме дека ги прифативме сите пристигнати пријави за учество на Есенската математичка школа 2020 година. Учениците од 4, 5, 6, 8 и 9 одделение се поделени во две групи А и Б, учениците од 7 одделение се поделени во три групи А, Б и В, а за учениците од I, II и III и IV година има по една група.…

Прочитај повеќе

Теми и предавачи на Есенската математичка школа 2020

Сојузот на математичари на Македонија во месеците октомври, ноември и декември организира Есенска математичка школа 2020. Темите и предавачите на Есенската математичка школа 2020 се:

  • 4 одд.
    Напредна математика за почетници, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 5 одд.
    Множества, релации и пресликувања, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 6 одд.
Прочитај повеќе