Есенска математичка школа 2020

Најнови соопштенија

21.10.2020 – Промоција на ЕМШ2020 на МРТ1
16.10.2020 – Отварање на Есенската математичка школа 2020
14.10.2020 – Известување за отварање на ЕМШ2020 и пристап до порталот за е-учење
06.10.2020 – Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2020

Опис на Школата

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври, ноември и декември 2020 година, организира Есенска математичка школа 2020 за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Наставата на школата ќе биде онлајн. Школата е наменета за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини.

Учесници: ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата: 17, 31 октомври, 7, 14, 21, 28 ноември и 5 декември 2020 год.
Датум на полагање завршен тест: 19 декември 2020 год.
Место: Интернет

Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.

Теми и предавачи на школата:

  • 4 одд.
    Напредна математика за почетници, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 5 одд.
    Множества, релации и пресликувања, доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 6 одд.
    Проценти и размери, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
  • 7 одд.
    Триаголник и елементи на триаголник, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
  • 8 одд.
    Плоштина на многуаголници, проф. д-р Билјана Начевска Настовска, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 9 одд.
    Равенки и неравенки, проф. д-р Елена Хаџиева, Факултет за информациски системи, визуелизација, мултимедија и анимација при Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Охрид
  • 1 год.
    Математичка логика, проф. д-р Соња Геговска Зајкова, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
  • 2 год.
    Задачи од стереометрија, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
  • 3 и 4 год.
    Функции од една променлива, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје

Термини на предавањата:

  • 9:45 – 12:00 ПРЕДАВАЊА
    (3 часа од по 40 мин. со две паузи од по 5-10 мин. или 2 часа од по 60 мин. со една пауза од 15 мин.)

* Во зависност од бројот на пријавени ученици, ако се јави потреба од формирање на втора група за соодветното одделение/клас, и ако сме во можност да го сториме тоа, наставата во втората група можно е да се одвива во друг термин од посочениот. Формирањето на групите ќе се одвива според редоследот на пријавување на учениците.

Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение.
ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗАВРШИ

Краен рок за пријавување: 5 октомври 2020 год.

Известување за прием во Школата: 7 октомври 2020 год.

Котизација за учество: 2.850,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 21 час со предавања, материјали за школата и завршен тест. Котизацијата за учество ја плаќаат учениците кои ќе добијат информација дека се примени на Школата. Котизацијата треба да се уплати до 9 октомври 2020 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална  банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение/клас на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2020. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на  ems2020smm@gmail.com , најдоцна до 10 октомври 2020 година.

Техничка поддршка: Ристо Чавдаров (ФЕИТ) christo@feit.ukim.edu.mk

Раководител на школата: проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Адреса за контакт: ems2020smm@gmail.com

Голема благодарнист на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје за непосредната помош во организацијата на онлајн наставата на Есенската математичка школа 2020, благодарност за поддршка и до  Природно-математичкиот факултет, Педагошкиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје.

Дописот пратен до директорите на основните и средните училишта и активите по математика може да го превземете од тука.