Решенија на задачите од Сигма 115

Почитувани читатели на Сигма, во пресрет на општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта, како што ветивме, ги објавуваме решенијата на задачите од рубриките:

Ви посакуваме успех на општинскиот натпревар!

Уредувачки одбор на списанието „Сигма“…

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на СИГМА за оваа учебна година

Почитувани читатели на Сигма,

Ве известуваме дека излезе вториот број на списанието Сигма.

Ве потсетуваме дека рокот за испраќање решенија на задачите од овие две рубрики е 20 јануари, 2020. Бидејќи општинските натпревари за учениците од средните училишта ќе се одржат на 25 јануари, 2020, решенијата на задачите од овие две рубрики ќе бидат објавени на smm.org.mk на 21 јануари, 2020.…

Прочитај повеќе

Информации за EGMO

Европската женска математичка олимпијада (EGMO) https://www.egmo.org/  ќе се одржи во периодот од  15.04.2020 до 21.04.2020 година (https://egmo2020.nl/) во Egmond aan Zee, Холандија. За избор на македонската екипа, СММ ќе одржи две квалификациони тестирања на најдобрите натпреварувачки од минатата година на натпреварите по математика за ученички до 18 години.…

Прочитај повеќе

За читателите на СИГМА

Почитувани читатели на Сигма,

Заради технички проблеми со печатницата каде што се печати Сигма, списанието ќе излезе од печат после Нова Година. Уредувачкиот одбор на списанието се извинува за ова доцнење.

Како и во претходниот број на списанието, ве покануваме да праќате свои решенија на задачите од рубриките „Задачи“ и „Задачи од училницата“.…

Прочитај повеќе

Излезе вториот број на НУМЕРУС за оваа учебна година

Почитувани љубители на математиката,

Во пресрет на Новата 2020 година, ви посакуваме среќна, успешна и благодетна година и весели Божиќни празници!

Ви претстои зимскиот распуст и добро заслужениот одмор после првото полугодие исполнето со многу учење, дружба и забава со другарчињата. Можеби ќе скијате или ќе излезете на толку посакуваниот снег со своите санки, можеби ќе планинарите или ќе одите до најблиското лизгалиште.…

Прочитај повеќе

Известување за општински натпревар за учениците од средното образование

Почитувани ученици, родители и наставници!

Сојузот на математичари на Македонија, Ве поканува да станете дел од циклусот натпревари за учениците од средното образование, кој започнува на 25.01.2020 година, со општинскиот натпревар.

Сите потребни информации поврзани со овој натпревар се:

Од комисијата за задачи за општински, регионални и републички натпревари за
учениците од средните училишта

Претседател, Д-р Анета Гацовска-Барандовска…

Прочитај повеќе

Ноември – Месец на науката 2019

Во текот на месец ноември 2019 година на Природно-математичкиот факултет по четврти пат се одржа манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019 на која математичарите учествуваа со предавања, работилници и натпревари во експерименти/презентации по математика. Беа презенитари вкупно 43 проекти, а најуспешните беа и наградени.…

Прочитај повеќе

Програма за третиот ден од манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019

Програмата за третиот ден, 30 ноември 2019 година, од манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019, може да ја најдете на следниот линк.

Повеќе информации за манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019 може да најдете во Научни собири | Манифестации.…

Прочитај повеќе

Програма за вториот ден од манифестацијата „Ноември – Месецот на науката“ 2019

Програмата за вториот ден, 23 ноември 2019 година, од манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – Месец на науката“ 2019, може да ја најдете на следниот линк.

Повеќе информации за манифестацијата „Ноември – Месец на науката“ 2019 може да најдете во Научни собири | Манифестации.…

Прочитај повеќе

VII Македонски математички конгрес

Почитувани колеги,

Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на VII Македонски математички конгрес, организиран од Сојузот на математичари на Македонија. Следната 2020 година, одбележуваме двоен јубилеј – 70 години од основањето на Сојузот на математичари на Македонија и 70 години од постоењето на списанието Математички Билтен. Конгресот ќе се одржи во хотел Дрим во Струга, од 16 до 20 септември 2020 година.…

Прочитај повеќе