Излезе новиот број на НУМЕРУС за оваа учебна година

Почитувани читатели,

Излезе од печат новиот број на списанието НУМЕРУС за оваа учебна година.

Се надеваме дека одговоривме на сите ваши барања и веруваме дека нашата соработка ќе продолжи. Еве неколку страници од списанието преку кои ве информираме и за содржините кои ги подготвивме во овој број. Ја очекуваме вашата соработка!…

Прочитај повеќе

Меморијален математички натпревар Александар Блажевски-Цане

Почитувани ученици,

Сојузот на математичари на Македонија одлучи да организира  меморијален математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане.  

На натпреварот ќе учествуваат учениците кои во оваа учебна година се во основно или средно образование и: освоиле медал/пофалба на ММО 2019 година, или златен/сребрен медал на ЈММО 2019 година, или биле дел од национален тим на некој меѓународен математички натпревар (ЈБМО, БМО, ЕГМО, или ИМО).  …

Прочитај повеќе

Писмо до читателите на СИГМА

Драги ученици, професори и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати и
продлабочување на љубовта кон математиката. Списанието „Сигма“ ја продолжува долгогодишната
традиција на објавување математички содржини наменети за учениците и професорите во средното образование, како и за сите љубители на математиката.…

Прочитај повеќе

Писмо до читателите на НУМЕРУС

Драги ученици, наставници и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година Ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати, продлабочување на љубовта кон математиката, како и весело другарување. Списанието „Нумерус“ ја продолжува долгогодишната традиција на објавување математички содржини наменети за учениците во основното образование, за самостојно користење, но и за заедничка работа во математичките секции во училиштата, како и во додатната настава по математика.…

Прочитај повеќе

ТЕРМИНИ ЗА НАТПРЕВАРИ 2019/2020

На 16 септември 2019 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, претставниците на Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математи­чарите на Македонија (СММ) и Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), кои се акредитирани од МОН за натпревари за учениците од основните и средните училишта по предметите физика, хемија, биологија, природни науки, математика и информатика утврдија заеднички календар за натпреварите за учебната 2019/20 година.…

Прочитај повеќе

Прво соопштение за „Ноември – Месец на науката“ 2019

Македонските друштва за природни науки и математика заедно со Природно-математичкиот факултет, и оваа година ја организираат Манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември – Месец на науката“ 2019 наменета за учениците од основните и средните училишта и нивните наставници по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.

Настанот ќе се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во текот на три дена во ноември 2019 година и тоа: 16.…

Прочитај повеќе

Програма на Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 27-28 септември 2019, Скопје

Програмата на Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, 27-28 септември 2019, Скопје е објавена и може да ја најдете на страницата на Конференцијата во Конференции. …

Прочитај повеќе

Најава за Есенска математичка школа 2019 и пријавување учество

Сојузот на математичари на Македонија, во текот на месеците октомври и првата половина од месец ноември 2019 година, организира Есенска математичка школа 2019 наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Предавањата ќе се одржуваат во сабота, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а по завршување на школата ќе има завршен тест.…

Прочитај повеќе

Комисијата за школи и кампови започна со планирање на своите активности

Комисијата за школи и кампови, формирана на состанокот на Управниот одбор одржан на 19.08.2019 година, во состав: проф. д-р Ирена Стојковска, доц. д-р Петар Соколоски, м-р Јасмина Маркоска, доц. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, започна со планирање на активностите за наредната учебна 2019/2020 година.

Планирани се неколку модели на математички школи и кампови за учениците од основно и средно образование за време на учебната година, а може и за време на распустите.…

Прочитај повеќе