Конечни резултати од општинскиот натпревар

Почитувани,
по разгледување на приговорите ова се конечните резултати од општинскиот натпревар по математика за учениците од основното и средното образование:

Право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар.…

Прочитај повеќе

ПИ-ДЕН 2022

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 13.03.2022 година, недела, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех.…

Прочитај повеќе

Првични резултати од општинскиот натпревар за учебната 2021/2022 година

Почитувани,

општинскиот натпревар за учениците од основното и средното образование се одржа на 19.02.2022 година, сабота, електронски.

Задачите и конечните решенија на задачите се:

Комисиите за натпревари ги подготвија следните првични резултати:

Приговор за општинскиот натпревар, до соодветните комисии, може да се поднесе преку следниве форми:

Приговорите може да се испратат до 21.02.2022 година, понеделник до 23:30 часот.…

Прочитај повеќе

Упатство за спроведување на општинските натпревари по математика

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 19.02 со почеток во 10.00 часот на платформата Microsoft Teams, со пополнување на google форма. Кон формата ќе пристапите на означеното место директно на страната на СММ, на https://smm.org.mk/ страната за секое одделение и клас пооделно. Внимателно читајте ги упатствата за пополнување на формата.

Учениците се распределени во групи за надгледување.…

Прочитај повеќе

Список од пријавени ученици за општински натпревар во 2021/2022 година

Почитувани,

неопходно е, заради успешна организација и реализација на натпреварот, сите ученици од државните училишта, да достават email адреси од schools.mk.

Ве молиме, проверете ги податоците кои ќе ги најдете во списоците со пријавени ученици. Оние ученици кои сеуште не испратиле своја адреса, треба да го направат тоа  во најкус можен рок, заклучно со вторник, 15.02.2022 година во 12 часот.…

Прочитај повеќе

Информација за општинските натпревари по математика

Почитувани,

заради големиот интерес за учество на општинските натпревари по математика за учениците од основното и средното образование, одлучивме рокот за пријавување да го продолжиме за два дена т.е. заклучно со 9.02.2022 година, среда, во 22 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Општински и регионални натпревари 2022 година

Почитувани натпреварувачи,

комисиите за задачи за општински и регионални натпревари за основно и средно образование, подготвија дополнителни информации.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Зимски економски предизвик

Драги ученици,

Организаторот на Меѓународната економска олимпијада, за сите ученици од средните училишта, организира зимски предизвик во тек на месец февруари. Натпреварот е на англиски јазик, за сите средношколци. Тој се состои од задачи и проблеми кои бараат солидна математичко-логичка основа за решавање на проблеми од економија.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да учествуваат на ова онлајн натпреварување.…

Прочитај повеќе

Конечни резултати од АБЦ 2022 и ЕГМО 2022

Почитувани,

во прилог се конечните резултати постигнати на Третиот меморијален натпревар Александар Блажевски – Цане, одржан на 15-16.01.2022 година на ПМФ-Скопје,

Согласно резултатите, македонската екипа за овогодинешната Европска Женска Математичка Олимпијада е следната:

  • МКД 1 Емилија Николовска (II година)
  • МКД 2 Марија Атанасова (II година)
  • МКД 3 Јасна Илиева (IV година)
  • МКД 4 Ивона Зикова (II година)

Водач и заменик-водач на екипата се: Анета Гацовска-Барандовска и Ерблина Зеќири. 

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Првични резултати од третиот меморијален натпревар

Почитувани,

во прилог се задачите и решенијата од вториот ден на третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ за:

Првичните резултати по категории се:

Приговори може да испраќате на mirko.petrushevski@gmail.com до утре, понеделник 17.01.2022 година до 23:30 часот.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе