Избран е олимпискиот тим!

Почитувани,

избран е олимпискиот тим кој ќе нé претставува на ИМО 2022! (https://www.imo2022.org/)

МКД 1 Никола Спировски
МКД 2 Дамјан Давков
МКД 3 Јан Стојановски
МКД 4 Алексиј Тасиќ
МКД 5 Блаже Суклевски
МКД 6 Јасна Илиева

Во прилог е табелата со распределба на поените според подготвениот Правилник од надлежната Комисија.

Водач на македонскиот олимписки тим е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Во пресрет на меѓународната математичка олимпијада, само накусо потсетување на дел од сценариото кое е планирано од страна на домаќините на овој настан:

  • активностите за водачот започнуваат на 06.07.2022 година и траат до 16.07.2022 година
  • активностите за заменик водачот започнуваат на 09.07.2022 година и траат до 16.07.2022 година
  • церемонијата на отворањето е на 10.07.2022 година
  • натпреварувањето се реализира во два дена, 11. и 12.07.2022 година

Им посакуваме успех!
Ваш СММ!