Подготвителна настава за учесниците на ЈММО

Почитувани натпреварувачи,

Сојузот на математичари на Македонија оваа година по прв пат организира бесплатни подготвителни часови за учесниците на 26-тата Јуниорска македонска математичка олимпијада. Подготовките ќе се реализираат со поддршка од Виктор Симјаноски, наш поранешен успешен натпреварувач, кој во целост ги покрива финансиските трошоци за нив. Замислено е подготовките да се реализираат секој ден почнувајќи од 21.05.2022 се до 06.06.2022 и истите ќе траат по 180 минути плус паузи. Часовите не се задолжителни, но наша искрена препорака е да присуствувате сите. Целта на овие подготовки е да се запознаете со темите кои може да ги очекувате на ЈММО и ЈБМО и да ве упатиме како најдобро да се подготвите за истите. Подготовките ќе се реализираат на платформата Microsoft Teams. Часовите во сабота на 21.05. ќе започнат во 10 часот.

Се замолуваат учениците да ги проверат нивните schools адреси.

Ваш СММ!