Натпревари 2020/2021

Во врска со натпреварите по математика во учебната 2020/2021 година, Управниот одбор на СММ донесе одлука:

  • Општинските и регионалните натпревари за учениците од основно и средно образование ќе се одржат електронски
  • Државните натпревари за учениците од основното и средното образование, ќе се реализираат со физичко присуство, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Прочитај повеќе

Втор меморијален натпревар

Почитувани натпреварувачи,

Ве известуваме дека второто издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски-Цане ќе се одржи на 9-10 јануари 2021 година.

Ги покануваме да учествуваат учениците кои оваа учебна година се во основно или средно образование и освоиле медал или пофалба на барем еден од следните четири натпревари: Првиот меморијален натпревар, ММО 2020, ЈММО 2020, ЕГМО 2020.…

Прочитај повеќе

Огромен успех на нашата екипа на БМО 2020

Почитувани,

заврши 37-та Балканска математичка олимпијада, која виртуелно се одржа од 31.10.2020 до 05.11.2020. Овогодишна земја-домаќин на балканијадата беше Романија и учествуваа 17 држави – 10 балкански држави учеснички, и осум гостински тимови.

Македонија ја претставуваа следните ученици: 

  • Никола Спировски – 30 поени  (сребрен медал)
  • Дамјан Давков – 23 поени  (бронзен медал)
  • Алек Јармов – 21 поен (бронзен медал)
  • Лука Грашкоски – 20 поени  (бронзен медал)
  • Кристина Тасева – 12 поени  (пофалница)
  • Бојан Димовски – 7 поени 

Водач на тимот беше Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.…

Прочитај повеќе

БМО 2020

Почитувани,
Би сакале да ви ја претставиме екипата што ќе не претставува виртуелно на Балканската Математичка Олимпијада во Романија.

натпреварувач
Лука ГрашкоскиMKD1
Дамјан ДавковMKD2
Бојан ДимовскиMKD3
Кристина ТасеваMKD4
Алек ЈармовMKD5
Никола СпировскиMKD6

На нашите натпреварувачи им посакуваме голем успех. Водач на екипата ќе биде Никола Велов, а заменик водач Борче Јошевски.…

Прочитај повеќе

ИМО 2020

Почитувани,

во периодот од 18.09.2020 до 28.09.2020 се одржа (виртуелно) 61 Меѓународна Математичка Олимпијада. Нашите ученици Лука Грашкоски, Дамјан Давков, Бојан Димовски, Благоја Младенов и Кристина Тасева освоија пофалници. Честитки до сите членови на нашиот тим и уште поголеми успеси во иднина.

Резултатите на нашиот тим се наоѓаат во следната табела:



Зад.1 Зад.2 Зад.3 Зад.4 Зад.5 Зад.6Вкупно
MKD1 (Лука Грашкоски) 77000014
MKD2 (Алек Јармов) 3000104
MKD3 (Дамјан Давков) 7100109
MKD4 (Благоја Младенов) 7000108
MKD5 (Кристина Тасева) 7000007
MKD6 (Бојан Димовски) 7200009

Сите детали околу организацијата, церемонијата на отворање и затворање на олимпијадата, задачите и решенијата на официјалната веб страна и овде.…

Прочитај повеќе

Најдобрите јуниори на прием во МОН и во резиденцијата на Водно

Почитувани,

екипата која ја претставуваше нашата земја на Јуниорската математичка олимпијада, водачот, заменикот водач и претседателот на СММ во среда, 23.09.2020 година, беа на прием кај Министерката за образование и наука, Мила Царовска, а во четврток, 24.09.2020 година на прием кај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во пријатна атмосфера низ срдечен разговор, јуниорите добија признание и пофалби за постигнатиот успех и поддршка за нивните идни планови и активности.…

Прочитај повеќе

ЈБМО 2020

Почитувани,
Во периодот од 09.09.2020 до 13.09.2020, се одржа (виртуелно) 24. Јуниорска балканска математичка олимпијада ЈБМО 2020. Нашата екипа се состоеше од 8 члена, од кои 6 натпреварувачи, Делчо Лешковски-лидер и Борче Јошевски-заменик лидер на екипата. Постигнати се фантастични резултати, остварен е еден од најголемите успеси на нашата држава на ЈБМО.…

Прочитај повеќе

Прелиминарни резултати од ЈММО

Почитувани,

Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години (ЈММО) и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години ја изготви прелиминарната ранг листа од JММО 2020.

Од причини што утре е последниот ден за пријавување на нашата екипа на ЈБМО 2020, приговори може да се поднесуваат до недела, 06.09.2020 година, до 11 часот, на dleskovski@gmail.com.…

Прочитај повеќе

Се одржа ЈММО

Почитувани,

денес со почеток од 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа дваесет и четвртата Јуниорска македонска математичка олимпијада (ЈММО). Настанот се одвиваше во математичкиот амфитеатар со целосно почитување на протоколите за работа при физичко присуство на кандидатите.

Во прилог се задачите и решенијата на задачите како и предлогот за распределба на бодовите.…

Прочитај повеќе

Екипа за ИМО

Почитувани,

пријавена е екипата која ќе ја претставува нашата земја на 61 Интернационална математичка олимпијада.

  • Лука Грашкоски ученик од III година при Меѓународни Училишта „НОВА“-Скопје,
  • Алек Јармов ученик од IV година при СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје,
  • Дамјан Давков ученик од VII одделение при ООУ „Ванчо Прке“-Штип,
  • Благоја Младенов ученик од IV година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
  • Кристина Тасева ученичка од II година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и
  • Бојан Димовски ученик од II година при ССОУ „Коле Неделковски”-Велес.
Прочитај повеќе