Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека петтото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на
прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи
на 27-28 јануари 2024 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два
натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно.…
Latest Posts
Известување за општинскиот натпревар за основно и средно образование
Почитувани,
Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно и средно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 28.01.2024 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:
Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од средното образование е smm.sredno@gmail.com
Пријава за основно образование
Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од основното образование е natprevari.smm2024@gmail.com.…
Календар за натпревари за учебната 2023/2024
Почитувани,
Натпреварите по математика за учениците од основното образование ќе се одржат според следниот распоред:
Општински натпревар за учениците од основното и средното образование – 02.02.2024 година
Регионален натпревар за учениците од основното и средното образование – 02.03.2024 година
Државен натпревар за учениците од средното образование – 30.03.2024 година
Државен натпревар за учениците од основното образование – 11.05.2024 година
Ваш СММ!…
Прочитај повеќеСоопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2023
Драги ученици,
Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2023 ќе се одржи на закажаниот термин, 2 декември 2023 година, сабота, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…
Прочитај повеќеИнформација за формирање на е-училниците за настава на Школата за млади математичари 2023/2024
Драги ученици,
Ве информираме дека е-училниците (Google Classroom) за следење на наставата на Школата за млади математичари 2023/2024 се формирани и учениците се додадени во училниците. На пријавените ученици на школата им се пратени известувања по мејл со линк за пристап кон Google училниците.
Пробното вклучување е закажано за среда, 29.11.2023 со почеток во 19.00 часот, освен за учениците од 9 одделение за кои пробното вклучување ќе биде истиот ден со почеток во 19.30 часот.…
Прочитај повеќеПродолжување на рокот за пријавување за Школата за млади математичари 2023/2024
Драги ученици,
Рокот за пријавување учество на Школата за млади математичари 2023/2024 е продолжен до 26.11.2023 година.
По завршување на рокот за пријавување, на платформата за е-учење ќе бидат формирани групите за следење на наставата, по што, во текот на следната недела, ќе биде и организирано пробно вклучување на платформата. Со настава почнуваме на 4 декември 2023 година.…
Прочитај повеќеЕвропски Математички Куп
Почитувани,
локалната организација за Македонија на 12. издание на Европскиот Математички Куп е доверена на СММ. Станува збор за престижен меѓународен натпревар што во периодот 9-17 Декември 2023 ќе се одржува во повеќе држави ширум светот. Официјалната веб страна за EMC е https://emc.mnm.hr/.
За учесниците од Македонија натпреварот ќе се одржи на 16.12.2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток во 10ч.…
Прочитај повеќеПрвите броеви на списанијата Нумерус и Сигма излегоа од печат
Почитувани
Ве известуваме дека излегоа првите броеви на списанијата НУМЕРУС и СИГМА за учебната 2023/2024 година.
Нарачката како и сите информации околу подигнувањето на нарачните броеви може да се најдат на веб страната на СММ во формата:
Доколку сакате да ги подигнете вашите примероци од ПМФ, тоа може да го направите во просторијата 248, секој вторник од 13 до 16 часот, секоја среда од 13 до 14 часот или секој четврток од 12 до 15 часот.…
Прочитај повеќеТрето соопштение за Четвртата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки
Почитувани колеги,
По четврти пат, ДФРМ и СММ, заедно со Природно – математичкиот факултет и Институтите за физика и математика, ја организираат Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки.
Јазик на конференцијата англиски и македонски
Време на одржување 24 – 26 ноември 2023
Место на одржување Природно-математички факултет во Скопје
Котизација 1200 денари за членови на СММ, ДФРМ и наставници по физика од
Република Србија и Република Бугарија
1800 денари (за друг наставен кадар од основните и средните училишта)
2400 денари (за универзитетски кадар, вработени во образовни институции и други)
Важни датуми (крајни рокови за испраќање)
Пријава за учество
(вклучува наслов и апстракт – google форма)* 12.11.2023
Плаќање котизација 12.11.2023
Готов труд** 24.12.2023
*За пријавување пополнете ја следната google форма: https://forms.gle/3TAGnFKdvfUohfrx7
**Само презентираните трудови на конференцијата ќе бидат објавени во Зборникот на трудови на конференцијата.…
Прочитај повеќеИнформација за наставата на Есенската математичка школа 2023
Драги ученици,
Ве потсетуваме дека од оваа сабота, 28.10.2023 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2023 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа и следните три саботи, заклучно до 18.11.2023 година, часовите ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.
Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 14.10.2023.…
Прочитај повеќе